Вести од службата
Во декември 2013 год., извештај за службата дадоа 1.317 објавители. Меѓу нив имаше 142 општи и 96 помошни пионери. Многу се радуваме што толку голем број објавители ревносно учествуваа во службата во овој зимски месец! Сите објавители проповедаа вкупно 31.621 час, а дадоа 7.091 брошура и 23.018 списанија. Се молиме Јехова да го благослови целиот овој труд.