Известувања
◼ Понуда на литература за јули: Може да се користи која и да било од следниве брошури со 32 страници: Добра вест од Бог!, Запознај го Бог или Запознај го Бог и живеј засекогаш.
◼ Објавителите треба навреме да го испраќаат својот извештај од службата на проповедање до собранискиот секретар иако можеби се на одмор или, пак, подолго време се отсутни од собранието.
◼ Според зборовите од 1. Коринќаните 16:2, би било мудро да тргаме настрана средства кои ќе ни бидат потребни за претстојниот областен конгрес. Така, ќе собереме доволно пари за превоз до конгресната локација, и ќе можеме со доброволни прилози да го поддржиме овој настан.