Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба за седмицата од 26 август 2013 год. Наведен е и датумот кога треба да се разгледа секое прашање за да може секој да истражува кога се подготвува за Школата секоја седмица.
1. Која важна работа ја учиме од тоа што цар Ирод желно прифатил незаслужена слава и чест? (Дела 12:21-23) [1 јули, w08 15/5 стр. 32, пас. 7]
2. Како ќе им користи на младите христијани тоа што ќе размислуваат за примерот на Тимотеј и ќе го следат? (Дела 16:1, 2) [8 јули, w08 15/5 стр. 32, пас. 10]
3. Како Акила и Прискила му помогнале на Аполо откако го чуле како ‚смело зборува‘? (Дела 18:24-26) [15 јули, w10 15/6 стр. 11, пас. 4]
4. Имаат ли Јеховините сведоци библиска основа да се обратат на судовите во нивната земја за да го заштитат своето право да проповедаат? (Дела 25:10-12) [22 јули, bt стр. 198, пас. 6]
5. Како апостол Павле изнаоѓал начини да сведочи дури и додека бил затворен во Рим, и како Јеховините слуги денес го следат неговиот пример? (Дела 28:17, 23, 30, 31) [29 јули, bt стр. 216-217, пас. 19-23]
6. Зошто Библијата вели дека хомосексуалните активности се противприродни и срамотни? (Рим. 1:26, 27) [5 авг., g 1/12 стр. 28, пас. 7]
7. Како може „откупнината што ја плати Христос Исус“ во 33 год. од н.е. да ги покрие „гревовите направени во минатото“, односно пред таа да биде платена? (Рим. 3:24, 25) [5 авг., w08 15/6 стр. 29, пас. 6]
8. Што ни овозможил Јехова за моментите кога сме толку збунети што не знаеме за што да му се молиме? (Рим. 8:26, 27) [12 авг., w08 15/6 стр. 30, пас. 10]
9. На што укажува советот „бидете гостољубиви“? (Рим. 12:13) [19 авг., w09 15/10 стр. 5-6, пас. 12-13]
10. Како ‚се облекуваме во Господарот Исус Христос‘ според советот на апостол Павле? (Рим. 13:14) [26 авг., w05 1/1 стр. 11-12, пас. 20-22]