Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 24 јуни 2013 год. Наведен е и датумот кога треба да се разгледа секое прашање за да може секој да истражува кога се подготвува за Школата секоја седмица.
1. Што мислел Исус со зборовите запишани во Јован 3:14, 15: „Како што Мојсеј во пустината ја подигна змијата на столб, така мора да биде подигнат и Синот човечки“? [6 мај, gt погл. 17; w04 1/8 стр. 25, пас. 6]
2. Кога следбениците на Христос добиваат „живот во себе“, односно вечен живот? (Јован 6:53) [13 мај, w03 15/9 стр. 31, пас. 3]
3. Како Исус им го открил својот Татко на несовршените луѓе? (Јован 8:28) [20 мај, w11 1/4 стр. 7, пас. 3]
4. Што учиме од тоа што Исус ‚почнал да рони солзи‘ кога умрел неговиот пријател Лазар? (Јован 11:35) [20 мај, w08 1/5 стр. 24, пас. 3-5]
5. Каква силна поука дал Исус со тоа што им ги измил нозете на своите ученици? (Јован 13:4, 5) [27 мај, w99 1/3 стр. 31, пас. 1]
6. Како може Божјиот дух да ни даде исправно водство? (Јован 14:26) [27 мај, w11 15/12 стр. 14, пас. 9]
7. На кого се мисли со „овие“ во Јован 21:15, и што можеме да научиме од овие зборови? [3 јуни, w08 15/4 стр. 32, пас. 11]
8. Според Дела 2:44-47 и Дела 4:34, 35, каков дух треба да покажуваат христијаните? [10 јуни, w08 15/5 стр. 30, пас. 5]
9. Според извештајот во Дела 7:59, дали Стефан му се молел на Исус? [17 јуни, w08 15/5 стр. 31, пас. 2]
10. Како можеме да го следиме добриот пример на Варнава, и какви благослови ќе ни донесе тоа? (Дела 9:26, 27) [24 јуни, bt стр. 65, пас. 19]