Известувања
◼ Во распоредот за Состанокот за нашата служба пред обласниот конгрес може да се направат промени за да се разгледаат советите и потсетувањата во врска со конгресот за кои се зборуваше на состанокот од седмицата од 22 април. Месец-два по конгресот, во точката Локални потреби може да се повторат некои мисли од говорите кои на објавителите им биле корисни во службата.
◼ Ако планираш да присуствуваш на обласен конгрес во друга земја, информации можеш да побараш на интернет-страницата jw.org/mk, каде што треба да кликнеш „За нас“, а потоа „Конгреси“.