Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 25 октомври 2010 год. Надгледникот на школата ќе води 20-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 6 септември до 25 октомври 2010 год.
1. Што можеме да научиме од животот на цар Азарија (Озија)? (2. Цар. 15:1-6) [w91 15/7 стр. 29-30].
2. Според 2. Царевите 15:3, 4, каков лош пример му оставил на Јотам неговиот татко, но сепак каков избор направил? (2. Лет. 27:2) [w97 1/5 стр. 5, пас. 1-2].
3. Што можат да научат родителите од Јеховиниот прекрасен пример во постапките со бунтовната нација Израел? (2. Цар. 17:13-15) [w00 15/6 стр. 20, пас. 10, 11].
4. Зошто за Јехова се вели дека ја ‚смислил‘ својата намера? (2. Цар. 19:25) [w99 15/8 стр. 14, пас. 3].
5. Како 2. Царевите 25:8, 25, 26 точно опишува кога започнало исполнувањето на седумдесетте години во текот на кои Ерусалим требало да остане опустошен? [w06 15/1 стр. 19, пас. 2].
6. Зошто во 1. Самоилова 16:10, 11 се укажува на Давид како на осми син на Јесеј, додека Езра го спомнува како седми син? (1. Лет. 2:15) [w02 15/9 стр. 31].
7. Како можеме да го следиме примерот на племињата источно од Јордан? (1. Лет. 5:10, 18-22) [w05 1/10 стр. 9, пас. 7].
8. Што можеме да научиме од левитите што служеле како вратари? (1. Лет. 9:26, 27) [w05 1/10 стр. 9, пас. 8].
9. Колку било важно пеењето во древниот Израел? (1. Лет. 9:33) [w09 12/1 стр. 29, пас. 2 — стр. 30, пас. 3].
10. Зошто била погрешна реакцијата на Давид опишана во 1. Летописи 13:11? [w05 1/10 стр. 11].