Вести од службата
Од август 2009 год., со еден исклучок, секој месец имавме повеќе од 1.300 објавители. Во април, извештај за службата дадоа вкупно 1.315 објавители. Меѓу нив имаше 156 општи и 70 помошни пионери. Тие вкупно поминаа 31.744 часа во проповедање на добрата вест, направија 12.183 повторни посети, дадоа 25.022 списанија, 1.805 брошури и 878 книги. Се водеа 1.192 библиски студии, висок број што покажува дека многу луѓе се заинтересирани за библиската вистина и се надеваме дека уште мнозина ќе ни се придружат во обожавањето на вистинскиот Бог Јехова!
Во април започна посебната проповедничка акција и тој месец дојдоа 95 браќа и сестри од други земји за да помогнат во објавувањето на добрата вест во нашата земја. Меѓу нив, 38 објавители зборуваат албански, 31 српско-хрватски и 26 дојдоа од собранија на турски јазик. Од Австрија дојдоа 16, од Германија 38, од Италија 30, од Швајцарија 10 и од Шведска 1 објавител. Тоа навистина беше многу убав почеток на оваа посебна акција!