Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 30 август 2010 год. Надгледникот на школата ќе води 20-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 5 јули до 30 август 2010 год.
1. Зошто молитвата што ја кажал Соломон при свеченото отворање на храмот може да го зголеми нашето ценење за Јеховините особини? (1. Цар. 8:22-53) [w05 1/7 стр. 30, пас. 3; g01 8/8, стр. 28, пас. 4, стр. 29, пас. 3].
2. Зошто може да се каже дека, и покрај многуте грешки, Давид му служел на Јехова „со чисто срце“? (1. Цар. 9:4) [w97 1/5 стр. 5, пас. 1-2].
3. Зошто царицата од Сава му рекла на Соломон: „Среќни се овие твои слуги што стојат секогаш пред тебе и ја слушаат твојата мудрост“? (1. Цар. 10:4-8) [w99 1/11 стр. 20, пас. 5-7].
4. Што можеме да заклучиме од тоа што Јехова заповедал Авија да има пристоен погреб? (1. Цар. 14:13) [cl стр. 244, пас. 11].
5. Што било значајно во врска со моментот кога Илија првпат отишол кај Ахав? (1. Цар. 17:1) [w08 1/4 стр. 19, рамка].
6. Што сакал да каже Илија кога рекол „кривите на двете страни“? (1. Цар. 18:21) [w08 1/1 стр. 19, пас. 3-4].
7. Како што покажува случајот со Илија, на кој начин Јехова ја употребува својата моќ кога станува збор за неговите слуги? (1. Цар. 19:1-12) [cl стр. 42-43, пас. 15-16].
8. Зошто Навутеј одбил да му го продаде лозјето на Ахав, и што учиме од овој настан? (1. Цар. 21:3) [w97 1/8 стр. 13, пас. 18-20].
9. Во кој поглед Сунамката ‚толку се грижела‘ за Елисеј? (2. Цар. 4:13) [w97 1/10 стр. 30, пас. 6-8].
10. Зошто Елисеј не го примил дарот од Нааман? (2. Цар. 5:15, 16) [w05 1/8 стр. 9, пас. 2].