Вести од службата
Во февруари имавме многу теократски активности. Извештај од службата на проповедање дадоа 1.307 објавители, меѓу кои имаше 53 специјални, 148 општи и 25 помошни пионери. Тие вкупно поминаа 30.571 час проповедајќи и поучувајќи ги луѓето, и дадоа 956 книги, 1.605 брошури и 21.709 списанија. Направија 11.254 повторни посети и водеа 1.234 библиски студии, што претставува извонреден успех, бидејќи тоа се 80 библиски студии повеќе од истиот месец минатата година. Ова покажува дека сѐ поголем број луѓе сакаат да учат за нашиот Бог Јехова и за неговата прекрасна намера. Навистина имаме огромна чест да ‚ја всадуваме во нив Божјата реч, која може да им ги спаси душите‘ (Јак. 1:21).