Вести од службата
Август беше извонредна завршница на 2009 службена година. Извештај за службата дадоа 1.335 објавители, со што го достигнавме највисокиот број во оваа службена година! Тој месец, 1.107 објавители, заедно со 30 помошни, 167 општи и 31 специјален пионер дадоа вкупно 4.070 книги и брошури и 21.116 списанија. Тие направија 9.517 повторни посети и водеа 1.024 библиски студии.
Јехова богато го благослови вашиот сесрден напор да ја проповедате добрата вест и да ги поучувате заинтересираните. Благодарение на тоа, се радуваме што во текот на 2009 службена година се крстија 68 нови браќа и сестри. Исто така, среќни сме што има 2 отсто пораст во бројот на објавители.