Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 27 октомври 2008 год. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 1 септември до 27 октомври 2008 год.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Како би можеле да откриеме зошто другите луѓе веруваат на одреден начин? [be стр. 259, пас. 2, 3].
2. Како би можеле да помогнеме некому да ги отстрани предрасудите или, пак омразата од своето срце? [be стр. 260, пас. 2].
3. Како би можеле да им помогнеме на оние со кои проучуваме да си го испитуваат срцето со цел духовно да напредуваат? [be стр. 261, пас. 3].
4. Што треба да имаме на ум додека се трудиме да допреме до срцето на слушателите? [be стр. 262, пас. 5].
5. Зошто треба да обрнеме внимание на времетраењето на собраниските состаноци? [be стр. 263, пас. 1, 3, рамка].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Што го поттикнало Павле да го напише првото писмо до Коринќаните? [si стр. 210, пас. 3].
7. Зошто Павле го напишал второто писмо до Коринќаните? [si стр. 214, пас. 1, 2].
8. Како треба христијаните да гледаат на службата на проповедање? [si стр. 216, 217, пас. 18].
9. По примерот на браќата во Филипи, што треба да правиме за да добиеме милост од Бог и да бидеме радост за браќата? [si стр. 225, пас. 12].
10. Кое добро влијание го имале Павле и неговите соработници врз собранието во Солун? [si стр. 231, пас. 13].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Што значат зборовите „таквиот [што е расипан] да го предадете на Сатана за да се отстрани телесното влијание, за да биде спасен духот на собранието“? (1. Кор. 5:5) [w 15.7.08 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од Посланијата до Коринќаните“].
12. Колку често и до кога треба да се одбележува Исусовата смрт? (1. Кор. 11:26) [w 15.7.08 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од Посланијата до Коринќаните“].
13. За какво видение станува збор во 2. Коринќаните 12:2-4, и кој веројатно го добил? [w 15.10.04 стр. 8, пас. 4; стр. 10, пас. 9].
14. Зошто Павле го споредил Мојсеевиот закон со ‚воспитувач кој водел до Христос‘? (Гал. 3:24) [w 1.3.08 стр. 18-21].
15. На што мислел Павле кога се молел ‚духот и душата и телото‘ на браќата да „бидат зачувани“? (1. Сол. 5:23) [w 15.9.08 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од посланијата до Солуњаните и до Тимотеј“].