ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/08 стр. 1
  • „Бидете благодарни!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Бидете благодарни!“
  • Нашата служба за Царството 2008
  • Сличен материјал
  • „Покажете се благодарни“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • „Покажете се благодарни“
    Нашата служба за Царството 1997
  • Дали покажуваш дека си благодарен?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Зошто е важно да покажуваме ценење?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Нашата служба за Царството 2008
km 4/08 стр. 1

„Бидете благодарни!“

1 Кога Исус излечил десет лепрозни луѓе, само еден од нив се вратил да му се заблагодари. Тогаш Исус прашал: „Зарем не се исчистија десетмина? Каде се тогаш останатите деветмина?“ (Лука 17:11-19). Навистина, многу е важно да го цениме и да бидеме благодарни за секој добар дар и совршен подарок што ни го дава нашиот великодушен небесен Татко, Јехова Бог, кој многу нѐ сака! (Кол. 3:15; Јак. 1:17).

2 За кои работи треба да бидеме благодарни? Една работа е откупнината, најголемиот дар што Бог им го дал на луѓето (Јован 3:16). Му благодариме на Јехова и за тоа што нѐ привлекол кон себеси (Јован 6:44). Треба да сме благодарни и за нашето христијанско единство (Пс. 133:1-3). Сигурно ќе се сетиш и на многу други дарови од Јехова. Никогаш не смееме да станеме неблагодарни како древните Израелци, кои заборавиле што сѐ направил Јехова за нив! (Пс. 106:12, 13).

3 Покажи благодарност: Веројатно сите десетмина лепрозни го ценеле она што го направил Исус за нив, но само еден покажал дека е благодарен (Лука 17:15). Денес, нашата благодарност ја покажуваме со тоа што ревносно учествуваме во службата на проповедање. Ако искрено цениме сѐ што направил нашиот грижлив небесен Татко, срцето ќе нѐ поттикне да се угледаме на него и, со љубов и великодушно, да им кажуваме на другите за него (Лука 6:45). А додека им зборуваме на другите за чудесните дела и намери на Јехова, ќе расте нашата љубов и благодарност кон него (Пс. 40:5).

4 Поттикни ги другите да бидат благодарни: Треба да бараме разни начин за да им помогнеме и на нашите деца и на интересентите да бидат благодарни. Родителите имаат многу можности да го прават тоа, меѓу другото, кога разговараат со своите деца за прекрасните работи што ги создал Јехова (Рим. 1:20). Додека проучуваме со некој интересент, би можеле да го прашаме: „Што учиш од ова за Јехова?“ Како што ќе расте ценењето на интересентот, ќе расте и неговата љубов кон Бог и ќе има сѐ поголема желба да ја врши неговата волја.

5 Во овие последни денови, многу луѓе се неблагодарни и немаат ценење за ништо (2. Тим. 3:1, 2). Јехова сигурно многу се радува кога гледа како неговите верни слуги ја покажуваат својата благодарност со тоа што ревносно учествуваат во службата! (Јак. 1:22-25).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели