Известувања
◼ Понуда на литература за март: Што навистина учи Библијата? Треба особено да се трудиме да започнеме библиски студии. Април и мај: Стражарска кула и Разбудете се! Треба особено да се трудиме да ги посетиме новозаинтересираните лица кои присуствувале на Спомен-свеченоста или на специјалното предавање, а не се активно поврзани со собранието. Притоа наша цел треба да биде да започнеме библиска студија.
◼ Откако ќе стигнат во собранијата најновите броеви од Стражарска кула и Разбудете се!, треба веднаш да се поделат. Тоа ќе им овозможи на објавителите да се запознаат со нивната содржина пред да ги понудат во службата.
◼ Некој што е назначен од претседавачкиот надгледник треба да ги прегледа собраниските сметки за декември, јануари и февруари. Не треба еден ист брат да го изврши прегледот двапати по ред. Штом ќе се направи прегледот, треба да се даде известување пред собранието кога ќе се прочита следниот сметководен извештај.
◼ Темата за Обласниот конгрес за 2008 год. гласи: „Нека те води Божјиот дух“. Во Нашата служба за Царството од април ќе имаме подетални информации кои ќе ни помогнат да направиме план за да присуствуваме сите три дена на конгресот. Ако треба да побараш слободни денови од работа за да бидеш присутен сите три дена, не одложувај да го сториш тоа.