Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 25 февруари 2008 год. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 7 јануари до 25 февруари 2008 год.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Како да им помогнеме на оние што нѐ слушаат да го сфатат значењето на стиховите, и зошто е потребно да го сториме тоа? [be стр. 228, пас. 2, 3].
2. Зошто е важно нашето излагање да биде информативно за оние што нѐ слушаат, и како да го постигнеме тоа? [be стр. 230, пас. 3-5, рамка].
3. Како може истражувањето да ни помогне нашите говори да бидат поинформативни? [be стр. 231, пас. 1-3].
4. Што треба да сториме за да ги објасниме познатите стихови на поучен начин? [be стр. 231, пас. 4, 5].
5. Зошто е важно да го објасниме стихот што го читаме? [be стр. 232, пас. 3, 4].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Зошто можеме да кажеме дека Матеј го напишал своето евангелие првенствено за Евреите? [si стр. 176, пас. 6, 7].
7. Како да си го подготвиме срцето за да примиме поука од Јехова преку состаноците? (2. Лет. 20:33) [be од стр. 13, пас. 4, до стр. 14, пас. 5].
8. Како можат родителите да им помогнат на своите деца да станат ‚мудри за да добијат спасение‘? (2. Тим. 3:15) [be стр. 16, пас. 3, 4].
9. Како Евангелието според Матеј го истакнува исполнувањето на библиските пророштва? [si стр. 181, пас. 32].
10. За разлика од Евангелието според Матеј, каде што е опишан како ветениот Месија и Цар, како е опишан Исус во Евангелието според Марко? [si стр. 182, пас. 7, 8].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Дали е посериозно да се истури гневот отколку само да тлее? (Мат. 5:21, 22) [w 15.1.08 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од книгата Матеј“].
12. Како христијаните задржуваат ‚бистро око‘? (Мат. 6:22, 23) [w 1.10.06 стр. 29].
13. Што сакал Исус да каже кога ги прашал своите ученици: „Дали го разбравте сето ова?“ (Мат. 13:51, 52) [w 15.1.08 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од книгата Матеј“].
14. Зошто Исус обично им забранувал на оние што ги лечел „да шират глас за него“? (Мат. 12:16) [cl стр. 93, 94].
15. На што мислел Исус кога зборувал за ‚мерата со која мериме‘? (Мар. 4:24, 25) [w-Е 15.6.80 стр. 12; gt погл. 43].