ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/06 стр. 1
  • Не оставај ја својата прва љубов

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Не оставај ја својата прва љубов
  • Нашата служба за Царството 2006
  • Сличен материјал
  • Не дозволувај твојата љубов да олади
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Што значи да го сакаме својот ближен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • „Сакај го Јехова, својот Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Бидете изградени со љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Нашата служба за Царството 2006
km 12/06 стр. 1

Не оставај ја својата прва љубов

1 Прославениот Исус го советувал собранието во Ефес од првиот век: „Ова го имам против тебе: ја остави својата прва љубов“ (Отк. 2:4). Очигледно, мнозина ја оставиле својата прва љубов кон Јехова. Кога ја дознавме вистината, развивме силна љубов кон Бог и кон ближниот, а тоа нѐ поттикна ревносно да ја објавуваме новопронајдената надеж. Што ќе ни помогне да не ја оставиме нашата прва љубов и да не забавиме во службата?

2 Личното проучување и присуството на состаноците: Што нѐ поттикна да развиеме љубов кон Бог и кон ближниот кога првпат дознавме за вистината? Зарем тоа не беа работите што ги учевме за Јехова преку проучување на Библијата? (1. Јов. 4:16, 19). Според тоа, за да може нашата љубов „сѐ повеќе и повеќе да расте“, мора да продолжиме да стекнуваме добро познавање преку копање во „Божјите длабочини“ (Фил. 1:9-11; 1. Кор. 2:10).

3 Бидејќи во овие последни денови сите имаме многу грижи и постојат многу работи што можат да ни го одвлечат вниманието, не е лесно да одржиме еден редовен распоред на лично проучување (2. Тим. 3:1). Мора да одвоиме време за да земаме духовна храна. Исто така, многу е важно редовно да присуствуваме на собраниските состаноци, особено додека ‚гледаме дека се приближува денот‘ (Евр. 10:24, 25).

4 Службата: Ревносното учество во службата ќе ни помогне да не ја оставиме првата љубов кон Бог. Додека ја проповедаме добрата вест, се потсетуваме на Јеховините убави ветувања, а ова помага нашата надеж да остане жива и нашата љубов, силна. За да можеме да ги поучуваме другите за библиските вистини, треба да истражуваме за и ние самите јасно да ги разбереме, а со тоа си ја зајакнуваме верата (1. Тим. 4:15, 16).

5 Јехова е достоен да добие сѐ, вклучувајќи ја и нашата љубов (Отк. 4:11). Не дозволувај твојата љубов да се намали. Одржувај ја силна својата љубов со тоа што сериозно ќе ја проучуваш Библијата, со редовно присуство на состаноците и со тоа што ревносно ќе им го објавуваш на другите она што најмногу го сакаш (Рим. 10:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели