Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 25 декември 2006 година. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 6 ноември до 25 декември 2006 година. [Забелешка: Кога по прашањето не се наведени референции, ќе треба самиот да истражуваш за да ги најдеш одговорите — Види Школа за служба, стр. 36 и 37.]
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Според што треба да одлучиме како да воведеме некој стих? [be стр. 148 пас. 4 до стр. 149 пас. 2].
2. Кои методи можеме да ги користиме за правилно да ги нагласиме нашите зборови и изрази? [be стр. 151 пас. 4 до стр. 152 пас. 3].
3. Бидејќи е сериозна работа да се поучуваат другите за Божјата реч, на што треба да внимаваме за ‚исправно да се служиме со речта на вистината‘? (2. Тим. 2:15) [be стр. 153 пас. 1-3, рамка; стр. 154 пас. 1, 2].
4. На кој начин можеме да ја направиме јасна примената на стиховите што ги читаме? [be стр. 154 пас. 4 до стр. 155 пас. 3].
5. Зошто е многу важно да ја разјасниме практичната вредност на нашиот материјал, и на кои начини може ова да се постигне? [be стр. 157 пас. 1-4, рамка; стр. 158 пас. 1].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Во која смисла Соломон го собирал народот? [si стр. 112 пас. 1-3].
7. Како книгата Проповедник е во склад со учењата на Исус? [si стр. 114 пас. 16].
8. Каков доказ постои дека Песна над песните припаѓа на библискиот канон? [si стр. 115 пас. 3, 4].
9. Како Свитокот на Исаија од Мртвото Море дава уверлив доказ дека оригиналниот вдахновен текст е точно пренесен во нашата денешна Библија? [si стр. 118 пас. 6].
10. Што може да му помогне на некој говорник да ја отстрани потребата од опширни забелешки? [be стр. 42 пас. 1].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Во која смисла „оние што го бараат Јехова разбираат сѐ“? (Изр. 28:5).
12. Во која смисла „безумниците ги изморува нивниот труд“? (Проп. 10:15).
13. Во која смисла Суламката била како „градина оградена“, и како таа е добар пример за немажените христијанки? (Песна 4:12)
14. Дали со тоа што ги повикал Израелците ‚да расчистат‘ значи дека Јехова бил спремен да преговара со својот народ за да постигнат разумен договор? (Иса. 1:18а).
15. Како се исполнило во минатото пророштвото од Исаија 11:6-9, и кое е неговото поголемо исполнување?