Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 30 октомври 2006 година. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 4 септември до 30 октомври 2006 година.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Зошто е важно да бидеме сталожени кога зборуваме, и како да го намалиме немирот? [be стр. 135 пас. 5 до стр. 137 пас. 2, рамки].
2. Кога ќе нѐ прашаат за нашите верувања, зошто треба да настојуваме при одговорот да ја користиме Библијата? [be стр. 143 пас. 1-3].
3. Како да станеме повешти во користењето на Библијата? [be стр. 144, рамка].
4. Зошто е важно често да ја користиме Библијата кога поучуваме во службата, и како да ги поттикнеме другите да ја користат на собраниските состаноци? [be стр. 145, 146, рамки].
5. Што сакаме да постигнеме кога воведуваме некој стих? [be стр. 147 пас. 2].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Која важна и корисна порака се наоѓа во Псалмите? [si стр. 104 пас. 23].
7. Кога биле напишани и составени Изреките? [si стр. 107 пас. 5].
8. Што е изрека, и зошто е соодветен хебрејскиот наслов на таа книга? [si стр. 107 пас. 6].
9. Што значат зборовите од Изреки 2:1-5 со кои сме поттикнати да продолжиме да ги бараме знаењето, разборитоста и проникливоста како што се бара ‚сребро и скриено богатство‘? [be стр. 38 пас. 4].
10. Како книгата Изреки самата ја открива својата корисна намена? [si стр. 109 пас. 19].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Како Давид ‚си ја смирил и си ја успокоил душата како мало дете во мајчината прегратка‘? (Пс. 131:1-3).
12. Каква утеха можеме да најдеме во вдахновените зборови од Псалм 139:7-12?
13. Кои примери за Јеховиното величие се спомнати во 145. псалм поради кои можеме да го фалиме во нашите молитви и во службата на проповедање? (Пс. 145:3).
14. Во која смисла стравот од Јехова е ‚првото нешто кое е потребно за да се стекне знаење и мудрост‘? (Изр. 1:7; 9:10).
15. Што е вклучено во „моите зборови“ и „моите заповеди“ од Изреки 7:1, 2?