ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/06 стр. 3
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2006
Нашата служба за Царството 2006
km 7/06 стр. 3

Известувања

◼ Јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури со 32 страници: Радувај се засекогаш на животот на Земјата!, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави Рај, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во Тројство?, Се грижи ли Бог навистина за нас?, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Што ни се случува кога ќе умреме? и Книга за сите луѓе.

◼ Почнувајќи од септември, покраинските надгледници ќе го одржуваат јавното предавање со наслов „Какво име имаш кај Бог“.

◼ Почнувајќи од седмицата од 8 јануари 2007 година ќе ја проучуваме книгата Откровение — близу е величествената кулминација! За проучувањето, собранијата треба на време да стават на располагање доволен број примероци од оваа публикација.

◼ Се препорачува молбите за општа пионерска служба да се предадат во Бетелот најмалку 30 дена пред да се започне со службата. Собранискиот секретар треба да ги прегледа формуларите за да се увери дека се тие целосно пополнети. Ако оние што ја поднесуваат молбата не можат да се сетат на точниот датум на нивното крштавање, треба да го пресметаат датумот и да си го запишат. Секретарот треба да го запише овој датум во картичката Извештај на собраниски објавител (Ѕ-21).

◼ Собраниските секретари треба да проверат дали имаат Писмо за именувањето на пионерот (Ѕ-202) за секој општ пионер во собранието. Доколку немаат, треба да пишат до Бетелот.

◼ Годишниот попис на целата литература и на списанијата што стојат на располагање треба да се изврши до 31 август 2006 година или колку што е можно поскоро потоа. Овој попис е сличен на сегашното месечно пребројување, кое го прави слугата за литература, а севкупниот износ треба да се внесе во формуларот Инвентура на литература (Ѕ-18). Вкупниот број списанија што стојат на располагање треба да се добие од слугата (слугите) за списанија. Секретарот на собранието, кој служи како координатор, треба да го надгледува пописот. Тој и претседавачкиот надгледник на собранието ќе го потпишат формуларот. Секое собрание ќе добие по три формулари Инвентура на литература. Ве молиме, испратете го оригиналот до Бетелот пред 6 септември. Задржете еден примерок за својата архива. Третиот примерок може да се користи како работен лист.

◼ Многу се радуваме за новиот највисок број на објавители што го достигнавме во март оваа година. Извештај за својата проповедничка активност дадоа 1.162 објавители, а тоа се 14 објавители повеќе отколку во ноември минатата година. Освен тоа, се радуваме што достигнавме и нов највисок број на книги, часови, повторни посети и библиски студии. Проучувавме со вкупно 841 лице, што е показател за поголем пораст.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели