Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 26 јуни 2006. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 1 мај до 26 јуни 2006.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Што е модулација и зошто е важна? [be стр. 111, рамки].
2. Како можеме да правиме промени во темпото кога држиме говор? [be стр. 112 пас. 3-5, рамка, до стр. 113 пас. 1].
3. Како можеме да развиеме одушевеност за темата на нашиот говор и зошто е ова важно? [be стр. 115 до стр. 116 пас. 2, рамки].
4. Зошто е важно да изразуваме топлина кога ги поучуваме другите и што може да ни помогне да ја изразиме? [be стр. 118 пас. 2 до стр. 119 пас. 5].
5. Објасни зошто се важни гестовите и изразите на лицето при комуникацијата (Мат. 12:48, 49) [be стр. 121, рамки].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Како книгата Јов го возвишува Јехова и ги велича неговите праведни мерила за животот? [si стр. 100 пас. 39, 41].
7. Што сведочи за автентичноста на Псалмите? [si стр. 102 пас. 10, 11].
8. Кога во Пословици 13:16 (NW) се зборува за некој што е остроумен, дали всушност се мисли на некој што е препреден? Објасни. [w 15.7.04 стр. 28 пас. 3, 4].
9. На кој начин светиот дух дејствува како помошник, и на што треба да нѐ поттикне ова сознание? (Јован 14:25, 26) [be стр. 19 пас. 2, 3].
10. Во која смисла Исус дошол, и за какво „доаѓање“ зборувал тој, како што е запишано во Матеј 16:28? [w 1.3.04 стр. 16, рамка].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Што можеме да научиме од одговорот што Јов му го дал на Јехова, кој е спомнат во Јов 42:1-6?
12. Какви „суети“ замислуваат народите? (Пс. 2:1, 2).
13. Кои основи се расипани? (Пс. 11:3).
14. Како на гордиот му се враќа „во полна мера“? (Пс. 31:23, NW).
15. Каква утеха можеме да добиеме од Псалм 40, и како може таа утеха да ни помогне да излеземе на крај со несовршеноста на грешното тело и со разните несреќи од овој поредок? (Пс. 40:1, 2, 5, 12).