Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 31 октомври 2005. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 5 септември до 31 октомври 2005.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Како можеме да бидеме сигурни дека нашето поучување од Божјата Реч ги достигнува срцата на луѓето? (Мат. 13:19) [be стр. 258 пас. 1-2, рамка].
2. Што може да ни помогне да го исцрпиме она што е во нечие срце, но на што треба да внимаваме? [be стр. 259 пас. 2-3].
3. Зошто е важно кога поучуваме да ги нагласиме Јеховините прекрасни особини? [be стр. 260 пас. 1].
4. Како можеме да им помогнеме на оние со кои што проучуваме, да разберат на кои подрачја треба да се подобрат? [be стр. 260 пас. 4—стр. 261 пас. 1].
5. Како можеме да им помогнеме на оние со кои проучуваме или на нашите слушатели да ги анализираат своите мотиви кога прават нешто? [be стр. 262 пас. 2-3].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Што се мисли со изразот „сесрдно го бараат“ Јехова и како можеме да покажеме дека го правиме тоа? (Евр. 11:6) [w 15.8.03 стр. 25 пас. 2; стр. 26 пас. 1-2; стр. 27 пас. 1].
7. Кој е „образецот на здрави зборови“ и како можат старешините да покажат дека се држат за него? (2. Тим. 1:13, 14). [w 1.01.03 стр. 29 пас. 3—стр. 30 пас. 1].
8. Што значи изразот „библиски канон“ и кои се некои фактори кои го потврдуваат канонството на некоја библиска книга? [si стр. 299 пас. 5-6].
9. Зошто Мураториевиот фрагмент, кој датира од втората половина на вториот век од н.е., е од особена важност за потврдување на канонството на Христијанските грчки списи? [si стр. 302 пас. 19].
10. Кое овластување за превод на нејзиниот текст го дава самата Библија и за која цел послужиле древните библиски преводи? [si стр. 307 пас. 9].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Дали 2. Цареви 13:21 го поддржува верувањето во обожавање на реликвии?
12. Дали Езекија склучил сојуз со Египет? (2. Цар. 18:19-21, 25).
13. Иако асирските анали не ја спомнуваат конкретно спектакуларната победа на Јехова врз Сенахирим, сепак што сметаш дека е интересно во тие извештаи? (2. Цар. 19:35, 36).
14. Кој бил таткото на Салатил? (1. Лет. 3:16-18).
15. Во деновите на цар Саул, на кој начин племето на Рувим, племето на Гад и половина од Манасиевото племе, дале добар пример за сите денешни Божји слуги? (1. Лет. 5:18-22).