Известувања
◼ Септември: Обединети во обожавањето на единствениот вистински Бог (uw). Ако станарот не ја прифати книгата, тогаш понуди ја брошурата Бдејте! Октомври: Ќе се нудат поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Ако е покажан интерес, те молиме понуди ја брошурата Бара. Ноември: Ќе се нуди книгата Учи од Големиот учител. Ако станарот каже дека нема деца, тогаш понуди ја книгата Спознание или трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата? Декември: Ќе се нуди книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел. Како алтернатива може да се користат книгите Библијата — реч Божја или човечка?, Моја книга со библиски приказни или Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата, доколку ја имате во собраниската залиха.
◼ Бетелот не исполнува нарачки на литература за поединечни објавители. Претседавачкиот надгледник треба да организира секој месец да се дава известување, пред да се испрати собраниската месечна нарачка на литература во Бетел. На тој начин, сите што се заинтересирани да добијат лични примероци ќе можат да го известат братот што е одговорен за литература. Ве молиме, имајте на ум кои публикации спаѓаат во специјална нарачка.
◼ Се потсетуваат старешините да ги проследат упатствата дадени во Стражарска кула од 15 април 1991, страници 21-23, во врска со сите исклучени или одвоени лица кои можеби сакаат да бидат повторно примени.
◼ Специјалното предавање во времето на Меморијалот за 2006 ќе се одржи в недела, на 30 април. Темата на предавањето ќе биде објавена подоцна. Оние собранија кои тој викенд имаат посета од патувачкиот надгледник или имаат покраински собир, ќе го имаат специјалното предавање следната седмица. Ниедно собрание не треба да го има специјалното предавање пред недела 30 април, 2006.
◼ Во текот на 2006 службена година, сите кои служат како помошни пионери во оној месец кога покраинскиот надгледник го посетува собранието, ќе можат да присуствуваат на првиот дел од состанокот кој се одржува со пионерите, во седмицата кога е посетата. Се поттикнуваат сите кои можат да го направат тоа, да извлечат корист од оваа посебна подготовка.