Известувања
◼ Мај: Ќе се нудат поединечни изданија од Стражарска кула и Разбудете се! Кога ќе правиш повторни посети кај заинтересираните лица, вклучувајќи ги и оние што присуствувале на Меморијалот или на некои други теократски настани, но не се активно поврзани со собранието, сконцентрирај се на тоа да ја понудиш книгата Обожавај го единствениот вистински Бог. Целта е да се започне домашна библиска студија, особено со поединци кои веќе ги проучувале книгата Спознание и брошурата Бара. Јуни: Ќе се нуди книгата Учи од Големиот Учител, а на оние што ќе кажат дека немаат деца, понуди им ја брошурата Бара. Потруди се да започнеш домашни библиски студии. Јули и Август: Може да се нуди која било од следниве брошури со 32 страници: Божественото име кое ќе остане засекогаш, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во тројство?, Се грижи ли Бог навистина за нас?, Која е смислата на животот? — Како да се пронајде?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Што ни се случува кога ќе умреме? и Книга за сите луѓе.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој што е назначен од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 јуни или колку што е можно побрзо после тоа. Кога ќе се направи ова, треба да се даде известување пред собранието заедно со следниот сметководен извештај.