Известувања
◼ Април и Мај: Ќе се нудат поединечни изданија од Стражарска кула и Разбудете се! Кога ќе правиш повторни посети кај заинтересираните лица, вклучувајќи ги и оние што присуствувале на Меморијалот или на некои други теократски настани, но не се активно поврзани со собранието, сконцентрирај се на тоа да ја понудиш книгата Обожавај го единствениот вистински Бог. Целта е да се започне домашна библиска студија, особено со поединеци кои веќе ги проучувале книгата Спознание и брошурата Бара.
◼ Почнувајќи од април, во пратките за литература автоматски ќе бидат вклучени и значките за обласниот конгрес за 2005 година. Нема да биде потребно да се нарачуваат. Во зависност од големината на собранието, значките ќе бидат пратени во комплети од по 25 значки. Ако во собранието се потребни уште конгресни значки, треба да се нарачаат со Формуларот за нарачка на литература (S-14). Треба да се нарачаат пластични фолии за значките, за секој од собранието што ќе побара.
◼ Бидејќи бетелската канцеларија треба да ги има најновите податоци за адресите и телефонските броеви на сите претседавачки надгледници и секретари, потребно е, ако има некаква промена, Службениот одбор на собранието веднаш писмено да ја извести канцеларијата.
◼ Серијата статии со наслов „Лекари — имаме ли разбирање за нив?“, што ќе излезе во Разбудете се! од 8 мај 2005 година, е наменета да им помогне на луѓето подобро да ги разберат докторите. Меѓутоа, без сомнение и докторите ќе бидат заинтересирани за овие статии, бидејќи во нив се објаснува зошто некои доктори биле привлечени кон библиската порака што носи надеж. Можете да нарачате дополнителни примероци и да вложите посебни напори да му дадете примерок на вашиот доктор како и на други здравствени работници. Ако има потреба од зголемена нарачка на ова издание, собранијата треба веднаш да ја известат бетелската канцеларија.