Известувања
◼ Март: Ќе се нуди брошурата Бдејте! Ако е покажан искрен интерес, понуди ја книгата Спознание и обиди се да започнеш библиска студија. Април и мај: Ќе се нудат поединечни изданија од Стражарска кула и Разбудете се! Јуни: Ќе се нуди книгата Учи од Големиот Учител, а на оние што ќе кажат дека немаат деца, понуди им ја брошурата Бара. Потруди се да започнеш домашни библиски студии.
◼ Во Собранијата треба да се поделат, веднаш штом ќе стигнат, најновите изданија од Стражарска кула и Разбудете се! Тоа ќе им овозможи на објавителите да се запознаат со нивната содржина пред да ги понудат во службата. Наша служба за Царството исто така треба да се подели на објавителите веднаш штом ќе пристигне. Може да се дистрибуира и на Собраниската студија на книга.
◼ Ако планирате да патувате, а исто така сакате и да присуствувате на собраниски состаноци, покраински собир или обласен конгрес во некоја друга земја, тогаш од канцеларијата на подружницата што го надгледува делото во таа земја треба да побарате информации во врска со датумите, термините и местата на одржување на тие состаноци. Адресите на канцелариите на подружниците се наоѓаат на последната страница од тековниот Годишник.
◼ Собраниските секретари треба да имаат соодветна резерва од формуларите Молба за општа пионерска служба (S-205) и Молба за помошна пионерска служба (S-205b). Тие можат да се нарачаат со формуларот Нарачка на литература (S-14). Имајте резерва барем за една година.
◼ Меморијалот ќе се одржи во четврток, 24 март, 2005 година. Ако вашето собрание обично има состаноци во четврток, тогаш нив можете да ги одржите некој друг ден, доколку Салата на Царството е на располагање. Ако, пак, не е можно да го одржите Состанокот за служба, тогаш некои точки од него што се важни за вашето собрание можете да ги одржите на некој друг Состанок за служба.
◼ Поголем број објавители се распрашуваа во врска со некои снимки на песни на Царството во популарен стил, кои кружат меѓу Јеховините сведоци. Тие се прашуваат дали овие снимки имаат одобрување од организацијата. Ние знаеме за овие снимки и би сакале да ве информираме дека немаат наше одобрување. Ве молиме да не ги умножувате и да не ги преснимувате од Интернет. Веруваме дека оваа информација ќе ги разјасни работите.