ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/05 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2005
Нашата служба за Царството 2005
km 1/05 стр. 7

Известувања

◼ Јануари: Може да се нуди која и да било книга од 192 страници што е издадена пред 1990 година. Ако нема на располагање постари книги, тогаш може да се нуди книгата Потрагата на човештвото по Бог. Февруари: Ќе се нуди книгата Приближи му се на Јехова. Како алтернатива можат да се нудат книгите Создавање или Откровение. Март: Ќе се нуди брошурата Бдејте! Ако е покажан искрен интерес, понуди ја книгата Спознание и обиди се да започнеш библиска студија. Април: Ќе се нудат поединечни изданија од Стражарска кула и Разбудете се!

◼ Собранијата треба да направат соодветни подготовки за одбележувањето на Меморијалот оваа година, во четврток 24 март, по зајдисонце. Иако предавањето може да започне порано, подавањето на симболите не треба да започне пред зајдисонце. Проверете локално за да одредите кога заоѓа сонцето во вашето подрачје. Пожелно е секое собрание да го одржи Меморијалот посебно. Меѓутоа, ова нема секогаш да биде возможно. Онаму каде што обично неколку собранија ја користат истата Сала на Царството, можеби едно или повеќе собранија ќе можат да обезбедат друг објект за таа вечер. Таму каде што е возможно, предлагаме помеѓу двете програми да поминат барем 40 минути за да можат сите да извлечат целосна корист од таа прилика. Треба да се размисли и за сообраќајот и паркирањето, вклучувајќи го и оставањето и земањето патници. Старешинското тело треба да одлучи за тоа кои подготовки ќе бидат најдобри локално.

◼ Во Наша служба за Царството за месец март ќе биде објавен нацртот за дискусијата за филмот Давид — тој имал доверба во Бог, која ќе се одржи на еден Состанок за служба. Овој филм е достапен само на DVD-то со наслов Ное одел со Бог — Давид имал доверба во Бог. Овој диск можете да го нарачате на еден од овие осум јазици: англиски, германски, италијански, јапонски, португалски (што се зборува во Бразил), руски, француски и шпански. Примероци од DVD-то можат да се нарачаат преку собранието со следната нарачка на литература.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели