Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 27 декември 2004. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 1 ноември до 27 декември 2004.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Кој е еден од најдобрите начини да се подбуди интерес за некоја тема кај слушателите? [be стр. 218 пас. 3].
2. Наброј пет карактеристики на еден делотворен заклучок [be стр. 220 пас. 4 до стр. 221 пас. 4].
3. Како можеме да бидеме сигурни дека нашите изјави се точни? [be стр. 224 рамка].
4. Како можеме да се увериме дека нашите презентации на состаноците одразуваат високо ценење за улогата што ја игра собранието како „столб и потпора на вистината“? (1. Тим. 3:15) [be стр. 224 пас. 1—4].
5. Како може да се примени Пословици 14:15 кога станува збор за тековни настани, цитати и искуства? [be стр. 225 пас. 1].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Како можеме, сметајќи наназад, да одредиме колку време поминало од Потопот до создавањето на Адам? [si стр. 286 пас. 12].
7. Како може да се одреди кога Исус ја започнал својата служба, и врз која основа може да се смета дека таа траела само три и пол години? [si стр. 287 пас. 16].
8. а) Кога излегло „словото: ‚Нека се вратат и нека го изградат пак Ерусалим‘ “? б) Колку години требало да поминат од тогаш додека Исус се појавел како Месија? (Даниел 9:24—27) [si стр. 291 пас. 18, 19].
9. Што вклучува едно искрено извинување што придонесува ‚да се помириме со братот‘? (Матеј 5:23, 24) [w 1.11.02 стр. 6 пас. 1, 5].
10. Што можеме да научиме од 2. Цареви 13:18, 19 во врска со исполнувањето на задачите што ни се доделени од Бог? [w 1.12.02 стр. 31 пас. 1, 2].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Зошто Израелците смееле да му дадат или да му продадат на еден придојденик мртво неискрвавено животно што самите тие не би го јаделе? (Втор. 14:21).
12. Каква поука содржи за нас Второзаконие 20:5—7?
13. Зошто земањето ‚во залог на горен или долен воденички камен‘ било споредено со ‚земање душа‘? (Втор. 24:6, ПСП).
14. Бидејќи на Израелците им било забрането да јадат какво и да било мрсно, што значи тоа дека јаделе „мрсно од јагниња“? (Втор. 32:13, 14).
15. Која е современата паралела на грешниот правец на Ахан? (Ис. Нав. 7:1—26) [w 1.1.87 стр. 17 пас. 20].