ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/04 стр. 1
  • Драги објавители на Царството!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Драги објавители на Царството!
  • Нашата служба за Царството 2004
  • Сличен материјал
  • Постојаното ширење ја зголемува потребата од Царски сали
    Нашата служба за Царството 1993
  • Изградба на Сали на Царството — важен аспект од светата служба
    Нашата служба за Царството 2006
  • Доказ за љубов, вера и послушност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Нашата служба за Царството 2004
km 9/04 стр. 1

Драги објавители на Царството!

Сите ние во земјава бевме многу зафатени во 2004 службена година. Сведоци сме на нов највисок број на објавители, како и на пораст во бројот на повторни посети и библиски студии. Особено се радуваме што со специјалните пионери добивме поголема помош во вршењето на проповедничкото дело. Моментално во земјава служат 9 специјални пионери, а многу други ќе им се придружат во почетокот на 2005 службена година. Ги очекува многу работа на полето што е стасано за жетва. Речиси 70⁠-те општи пионери се исто така во првите редови на проповедничкото дело и можат да се видат добрите резултати од нивниот труд. За пофалба се и над 150⁠-те објавители што изминатава година служеа во помошна пионерска служба. Сѐ на сѐ околу 230 поединци имаа удел во некој облик на пионерска служба — тоа е скоро 22 отсто од објавителите. Тоа навистина е за пофалба! Можеби ќе бидете во можност да го испланирате времето за уште поголем удел во службата во текот на следната службена година.

Сезоната на Меморијалот беше време на ревносна активност на нашето подрачје. Постигнавме нов број од 3.059 присутни на одбележувањето на Господовата вечера. Ова укажува на добриот потенцијал што постои за понатамошен пораст на објавители на Царството.

Како што започнува 2005 службена година, заедно со вас се радуваме што ќе бидеме „обилно вработени во делото Господово“ (1. Кор. 15:58).

Вашите браќа

Бетелска канцеларија, Македонија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели