ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/04 стр. 3
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2004
Нашата служба за Царството 2004
km 7/04 стр. 3

Известувања

◼ Понуда на литература за јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Радувај се засекогаш на животот на земјата!, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави Рај, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во тројство?, Се грижи ли Бог навистина за нас?, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Кога ќе умре некој што го сакаш и Што ни се случува кога ќе умреме? Септември: Постои ли Творец кој се грижи за тебе? Како алтернативна понуда, можеш да ја нудиш Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?

◼ Почнувајќи од септември, покраинските надгледници ќе го одржуваат јавното предавање со наслов „Да се соочиме со иднината со вера и храброст“.

◼ Кога работат на необработувано подрачје, објавителите можат да ја нудат брошурата Бара или книгата Спознание. Ако станарот веќе ги има овие две публикации, може да се понуди која и да е друга публикација. Сите треба да си носат различни трактати за местата каде што нема никој дома или за лицата што не сакаат да земат литература. Треба да се вложат напори да се следи интересот, особено онаму каде што необработуваните подрачја се пристапни за блиските собранија.

◼ Собраниските секретари треба да имаат соодветна резерва од формуларите Молба за општа пионерска служба (S-205) и Молба за помошна пионерска служба (S-205b). Тие можат да се нарачаат со формуларот Нарачка на литература (S-14). Имајте резерва барем за една година.

◼ Пред да ги предаде молбите за општа пионерска служба до канцеларијата на подружницата, собранискиот секретар треба да ги прегледа формуларите за да се увери дали се пополнети целосно. Ако оние што ја поднесуваат молбата не можат да се сетат на точниот датум на нивното крштавање, треба да го пресметаат датумот и да си го запишат. Секретарот треба да го забележи овој датум во картичката Извештај на собраниски објавител.

◼ Секогаш кога во личните планови за патување планирате да присуствувате на собраниски состаноци, покраински собир или обласен конгрес во друга земја, треба да побарате информации во врска со датуми, термини и места од канцеларијата на подружницата што го надгледува делото во таа земја. Адресите на канцелариите на подружниците се наведени на последната страница на тековниот Годишник.

◼ Потребно е канцеларијата на подружницата да има најнови податоци за адресите и телефонските броеви на сите претседавачки надгледници и секретари. Ако има некаква промена, Службениот одбор на собранието треба веднаш да пополни, да потпише и да испрати писмо до Бетел. Ова вклучува и промена на карактеристичните телефонски броеви.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели