Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 28 јуни 2004. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 3 мај до 28 јуни 2004.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Кои фактори можат да предизвикаат да немаме разговорен стил или да звучиме премногу формално кога зборуваме од подиум? [be стр. 179, пас. 4].
2. Зошто да се подобри квалитетот на гласот не значи само да дишиш правилно и да ги опуштиш напнатите мускули? [be стр. 181 пас. 2].
3. Кога ги споделуваме библиските вистини со другите, кои практични чекори можеме да ги преземеме ,за на луѓето од сите видови да им станеме сѐ‘? (1. Кор. 9:20—23) [be стр. 186, пас. 2—4].
4. Што е вклучено во тоа да се слуша внимателно во нашата служба? [be стр. 187].
5. Зошто е важно да покажеме почит кон сите што ги среќаваме во нашата служба? [be стр. 190].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Која е целта на оние што даваат теократски упатства, и што ќе им помогне за да ја постигнат оваа цел? (Мат. 5:16; Јован 7:16—18) [be стр. 56, пас. 3—стр. 57, пас. 2].
7. Зошто е корисно да се подвлекуваат контрасти кога поучуваме, и како ја користел Исус оваа метода на поучување? [be стр. 57, пас. 3; стр. 58, пас. 2].
8. За разлика од фарисеите, на кој начин поучувањето на Исус ги достигнало срцата на луѓето? [be стр. 59, пас. 2, 3].
9. Како можеме да им помогнеме на оние што ги поучуваме да го применат она што го учат, без да донесуваме одлуки место нив? [be стр. 60, пас. 1—3].
10. Како треба да одговориме кога другите ќе постават прашања во врска со работи за кои секој треба лично да одлучи? [be стр. 69, пас. 4, 5].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Зошто Мојсеј морал тесно да го следи ,образецот за Престојувалиштето [шаторот, NW] и на сѐ во него‘? (Изл. 25:9) [it-2 стр. 1058, пас. 7].
12. Што можеме да научиме од одговорот што Арон му го дал на Мојсеј во врска со настанот со златното теле? (Изл. 32:24).
13. Што можеме да научиме од верата што ја покажале Израелците кога ја послушале Јеховината заповед од Излез 34:23, 24?
14. Која била целта на заедничката жртва? (Лев. 3:1).
15. На кој начин поставувањето на Арон како свештеник, што е запишано во Левит 8:23, важи како противслика на Исус? [it-2 стр. 1113, пас. 4; w-Е 68 стр. 399, пас. 24].