Известувања
◼ Понуда на литература за декември: Најголемиот човек кој некогаш живеел. Како алтернативна понуда, можеш да ја користиш Библија — реч Божја или човечка и Моја книга со библиски приказни. Јануари: Која и да било книга издадена пред 1988 од која собранието има резерва. Ако немате резерва од овие книги, ве молиме проверете дали околните собранија имаат вишок постари публикации при рака што вие би можеле да ги користите. Собранијата што немаат постари книги можат да ја нудат Потрагата на човештвото по Бог. Февруари: Приближи му се на Јехова. Ако оваа публикација не е на располагање, како алтернативна понуда може да се користи Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање? Март: Спознание кое води во вечен живот. Ќе се направи посебен напор да се започнат домашни библиски студии. Ако луѓето веќе ја имаат оваа публикација, може да се понуди Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
◼ Како потсетување за браќата што ги водат собраниските сметководни извештаи, донациите што се ставаат во кутиите за Светското дело и за Фондот за Сали на Царството треба да се испраќаат секој месец, и не треба да се користат за да се плати киријата за Салата на Царството или кој и да било друг собраниски трошок.
◼ Објектите на Бетелот во Скопје ќе бидат затворени во сабота, 8 мај 2004, поради пролетно чистење. Тој ден нема да има подготовки за обиколки.
◼ До собранијата наскоро ќе бидат испратени поканите за Меморијалот за 2004 на мајчиниот јазик на секое собрание. Ако на вашето подрачје се зборуваат и други јазици и би сакале покани на тие јазици, треба веднаш да ги побарате со формуларот за нарачка на литература (S-14). Ве молиме, нарачајте само на оние јазици кои се потребни за вашето подрачје.
◼ Ве молиме, забележете дека Меморијалот за 2005 ќе се одржи в четврток, 24 март, по зајдисонце. Ова известување е дадено однапред за да можат браќата да ги направат потребните резервации или договори за достапните сали кога Салата на Царството ја користат неколку собранија и мораат да се најдат други објекти. Старешините треба да склучат договор со управата и да се осигураат дека нема да има пречки од некои други активности во зградата, со цел одржувањето на Меморијалот да може да се одвива на еден мирен и уреден начин. Поради важноста на оваа прилика, при доделувањето говорник за Меморијалот старешинското тело треба да избере некој од поквалификуваните старешини, наместо само да се менуваат или, пак, да се користи истиот брат секоја година. Ако има некој способен старешина од помазаниците кој може да го изнесе говорот треба да биде избран тој.
◼ Од 15 март 2004 до 16 мај 2005, на Собраниска студија на книга ќе се разгледува книгата Приближи му се на Јехова.