Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 29 декември 2003. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 3 ноември до 29 декември 2003.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Зошто е толку важно да се користи Библијата во службата на теренот? [be стр. 145, пас. 2, рамка].
2. Како влијае контекстот на начинот на кој ќе се воведе некој стих? [be стр. 149].
3. Зошто е важно да се нагласат исправните зборови кога се чита некој библиски стих, и како може да се постигне тоа? [be стр. 151, пас. 2, рамка].
4. Како го применуваме советот на Павле ‚исправно да ракуваме со речта на вистината‘ кога ги поучуваме другите, и зошто е важно тоа? (2. Тим. 2:15) [be стр. 153, пас. 2, рамка].
5. Како Павле ‚резонирал на темел на Писмото‘? (Дела 17:2, 3) [be стр. 155, пас. 5 до стр. 156, пас. 1].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Кога ја користиме нашата главна алатка за истражување, Библијата, за да се подготвиме за говор, зошто е важно 1) да го испитаме контекстот на стиховите, 2) да ги провериме паралелните стихови и 3) да истражуваме со библиска конкорданција? [be стр. 34, пас. 3 до стр. 35, пас. 2].
7. Како се покажува вистинската лојалност и кон кого? [w 1.10.01 стр. 22, 23].
8. Што укажува на тоа дека Јехова е прецизен контролор на времето? (Дан. 11:35—40; Лука 21:24) [si стр. 284, пас. 1].
9. Кои фактори треба да ги имаме на ум кога одлучуваме кои точки ќе ги користиме откако сме истражувале за некој говор? [be стр. 38].
10. Зошто изјавата на Исус во врска со „деновите на Ное“ е важна за нашата ситуација денес? (Мат. 24:37) [w 15.11.01 стр. 31, пас. 3, 4].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. На кој начин писмото на Павле до Филемон покажува дека налогот на еден христијанин е да им помага на поединци да станат христијани, а не да унапредуваат општествени реформи? (Филим. 12).
12. Која е разликата помеѓу тоа да се ‚отплови‘, ‚отстапи‘ и ‚отпадне‘? (Евр. 2:1; 3:12; 6:6) [w 15.7.99 стр. 19, пас. 12; w 1.10.86 стр. 12, пас. 16, 17; w-SB 1.4.81 стр. 12, пас. 8].
13. Како можеме да избегнеме да го претвориме изразот „ако Јехова сака“ во нешто рутинско? (Јак. 4:15) [cj-Е стр. 171, пас. 1, 2].
14. Што значи тоа ‚да ја очекуваме и цврсто да ја држиме во мислите присутноста на Јеховиниот ден‘, и како можеме да го правиме тоа? (2. Пет. 3:12) [w 1.9.97 стр. 19, 20].
15. Кои важни совети за христијаните денес се наоѓаат во пораките до седумте собранија спомнати во Откровение, поглавја 2 и 3? (Откр. 2:4, 5, 10, 14, 20; 3:3, 10, 11, 17, 19).