Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 јули
„Дали мислите дека злобните се казнети во пекол? [Дозволи одговор.] Библијата јасно покажува која е казната за грев. [Прочитај Римјаните 6:23а.] Па тогаш, дали пеколот е огнено место на мачење? Дали е само состојба на одвоеност од Бог? Ова списание дава библиски одговори на овие прашања.“
Стражарска кула 1 август
„Многу луѓе сметаат дека суеверните идеи и обичаи се само невина забава. [Покажи една или две точки од рамката на 5. страница] Дали некогаш сте размислувале за тоа што стои зад таквите идеи? [После одговорот, прочитај 2. Коринќаните 11:14.] Ова списание го дава библиското гледиште за суеверието.“
Разбудете се! 8 август
„Многу луѓе денес ја напуштаат организираната религија за да го обожаваат Бог на свој начин. Што мислите Вие за овој тренд? [Дозволи одговор.] Библијата покажува дека на Бог му е навистина важно како го обожаваме. [Прочитај Јован 4:24.] Ова издание на Разбудете се! зборува за тоа како на најдобар начин можете да ги задоволете своите духовни потреби.“