Рубрика прашања
◼ Дали е исправно некој сам да оди кај лице од спротивниот пол ако покажало интерес за вистината?
Кога го извршуваме делото од куќа до куќа, кога сведочиме на улица или на кое и да е друго место, им сведочиме на сите што сакаат да слушаат, и мажи и жени. Ако наидеме на интерес, имаме желба да договориме повторна посета за да воспоставиме домашна библиска студија. Ако се рече дека посетата кај лице од спротивен пол во никој случај не може некој да ја направи сам, јасно е дека нема да може да се следи покажаниот интерес и нема да можат да се започнат студии.
Дали некој оди сам на повторни посети кај некое заинтересирано лице од спротивниот пол или не, тоа е оставено на лична слобода на одлучување, во зависност од различните околности во секој случај. Дефинитивно треба да се мисли на безбедноста и да се избегне да се остави погрешен впечаток. Сигурно дека не сакаме да ги спрепнеме другите во и надвор од Јеховината организација или да се доведеме себеси во опасна ситуација (2. Кор. 6:3).
Ако околностите се такви што некој одлучи да оди сам, обично е најдобро посетата да се направи или студијата да се одржи кога е дома сопругот, сопругата или некој друг член од семејството.
Честопати околностите укажуваат дека ќе биде мудро да се појде на посетата заедно со некој друг објавител. Сети се како недолжниот Јосиф бил лажно обвинет од лице од спротивниот пол (Бит. 39:7—20). Ако околностите укажуваат дека не треба да одиш сам, а не е можно да се применат горенаведените предлози, можеш да ја предадеш посетата на некој објавител или пионер од истиот пол како заинтересираното лице.