ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/01 стр. 1
  • Потпирај се на Јехова за сила

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Потпирај се на Јехова за сила
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • Јехова му дава сила на уморниот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • „Барајте го Јехова и неговата сила“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Јехова ќе те зајакне!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Јехова ќе ти даде сила
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 11/01 стр. 1

Потпирај се на Јехова за сила

1 Од многу причини, треба да се потпираме на Јехова. Проповедањето на добрата вест „по целата населена земја“ е предизвикувачка задача (Мат. 24:14). Постојано се бориме против нашето несовршено тело (Рим. 7:21—23). Освен тоа, ние ‚водиме борба . . . против [надчовечките] светски владетели на оваа темнина‘ (Ефеш. 6:11, 12). Јасно, потребна ни е помош. Како можеме да добиеме сила од Јехова?

2 Преку молитва: Јехова обилно им го дава својот моќен свет дух на своите слуги што молат за него (Лука 11:13). Дали немаш доволно доверба во својата способност да сведочиш од куќа до куќа, на улица или преку телефон? Дали се плашиш да сведочиш неформално? Дали апатијата на луѓето на твоето подрачје ја намалила твојата ревност? Што ако си ставен под притисок да ја компромитираш верата или интегритетот? Потпирај се на Јехова. Моли се за сила (Фил. 4:13).

3 Преку лична студија: Исто како што добиваме сила кога јадеме физичка храна, така се зајакнуваме и духовно кога редовно се храниме од Божјата реч и од публикациите на „верниот и разборит роб“ (Мат. 4:4; 24:45). Кога бил запрашан што му дало сила да издржи со години во самица во Кина без да има Библија, Стенли Џонс рекол: „Можеме да стоиме цврсти во верата. Се разбира, прво мораме да проучуваме. Нема да имаме внатрешна сила ако не проучуваме“.

4 Преку присуство на состаноците: На некој христијански состанок во првиот век, Јуда и Сила ‚ги охрабриле браќата со многу говори и ги зајакнале‘ (Дела 15:32). И денес, она што го слушаме на состаноците го продлабочува нашето ценење за Јехова, ја изградува нашата вера и нѐ поттикнува на служба. На состаноците редовно сме во контакт со ‚соработниците за Божјето царство‘, кои се наша „зајакнувачка помош“ (Кол. 4:11).

5 Потребна ни е помош во овие ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘ (2. Тим. 3:1). Во врска со оние што црпат сила од Јехова, го имаме уверувањето: „Им растат крилја како на орлите, трчаат и не постануваат, одат и не се уморуваат“ (Иса. 40:31).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели