Повторување во Теократската школа за служба
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за служба од 7 мај до 20 август 2001. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референциите што следат после секое прашање се наменети за лично истражување. По секоја референција за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Молитвата што се спомнува во Неемија 2:4 (СП) била молитва кажана во очај, во последен момент [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.86, стр. 14, пас. 5].
2. Зборот „собрание“ е преведен од грчкиот збор еклеси́а, во кој е содржана идејата за солидарност и заемна поддршка [w 15.5.99 стр. 25, пас. 4].
3. Иако Јеховините слуги избегнуваат обичаи поврзани со смртта кои се во конфликт со Божјата реч, тие не ги отфрлаат сите обичаи поврзани со смртта (Јован 19:40) [rs стр. 364, пас. 2].
4. Во периодот додека живеел Јов, тој бил единствениот човек што му бил верен на Јехова (Јов 1:8) [Седмично читање на Библијата; види w 1.8.92 стр. 31, пас. 3, 4].
5. Тоа што Савле, односно Павле, се издржувал правејќи шатори покажува дека имал скромно потекло (Дела 18:2, 3) [w 15.5.99 стр. 30, пас. 2—стр. 31, пас. 1].
6. Иако Давид направил сериозни гревови, Јехова можел да рече дека тој ‚го следел со сето свое срце‘ заради Давидовиот покајнички став и неговите добри особини (1. Цар. 14:8) [w 15.6.99 стр. 11, пас. 4].
7. Освен ако нешто што сме ветиле е небиблиско, треба да правиме сѐ што можеме за да ги исполниме своите ветувања дури и ако подоцна откриеме дека е тешко да го сториме тоа (Псал. 15:4) [Седмично читање на Библијата; види w 15.9.89 стр. 28, пас. 5].
8. Псалм 22:1 покажува дека под притисок Давид привремено ја изгубил верата [Седмично читање на Библијата; види w 1.6.86 стр. 18, пас. 8].
9. Христијанинот може да „падне“ во поглед на фрустрации, разочарувања и правни или финансиски промени, но со помошта на Божјиот дух и Неговите љубезни обожаватели, во духовен поглед нема сосема „да падне“ (Псал. 37:23, 24) [Седмично читање на Библијата; види w 1.4.87 стр. 10, пас. 14].
10. Првото поглавје од Битие учи дека Бог создал сѐ на Земјата за шест дена од 24 часа [rs стр. 115, пас. 3].
Одговори на следниве прашања:
11. На кој начин Езра и неговите помошници ‚ја разјаснувале смислата‘ на Законот? (Неем. 8:8) [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.86 стр. 15, пас. 2].
12. Од што произлегува „радоста Јеховина“? (Неем. 8:10) [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.86 стр. 15, пас. 7].
13. Зошто биле благословени оние што „сакале доброволно да живеат во Ерусалим“? (Неем. 11:2) [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.86 стр. 15, пас. 10].
14. Зошто Естира одложувала да го извести царот за својата конкретна намера? (Естира 5:6—8) [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.86 стр. 27, пас. 10].
15. На кои две важни прашања е даден одговор во книгата Јов? [si стр. 95, пас. 1].
16. Зошто советот на Елифаз го потиштил Јов и не успеал да го охрабри? (Јов 21:34; 22:2, 3) [Седмично читање на Библијата; види w 15.2.95 стр. 27, пас. 5, 6].
17. Што е псалм? [si стр. 101, пас. 2].
18. Какви „празни работи“ постојано „мрморат“ народите, како што е запишано во Псалм 2:1 (NW)? [Седмично читање на Библијата; види w 1.6.86 стр. 17, пас. 5].
19. Кои практични поуки за непристрасноста можеме да ги научиме од службата на Филип во поглед на Самарјаните и етиопскиот службеник? (Дела 8:6—13, 26—39) [w 15.7.99 стр. 25, пас. 2].
20. На кој начин Јов ја илустрирал својата увереност дека Бог може да го воскресне од гробот, кој го сметал за место каде што може да се скрие од своите проблеми? (Јов 14:7, 13—15) [Седмично читање на Библијата; види w 15.5.00 стр. 27, пас. 7 до стр. 28, пас. 1].
Впиши го зборот или фразата што се потребни за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. Во Естира 8:17 стои дека луѓето ‚станувале Евреи‘; слично и денес, ․․․․․․․․ од „други овци“ зазема став покрај ․․․․․․․․ (Отк. 7:9; Јован 10:16; Зах. 8:23) [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.86 стр. 28, пас. 6].
22. Како што покажува стихот од Дела 1:7, иако Јехова е сосема свесен за ․․․․․․․․, неговиот ден на пресметка ќе дојде како ․․․․․․․․, кога луѓето нема да го очекуваат (2. Пет. 3:10) [w 1.6.99 стр. 5, пас. 1, 2].
23. Во 2. Петрово 3:7, 10, термините „небеса“ и „земја“ се употребени во ․․․․․․․․; како што покажува контекстот, „земја“ се однесува на ․․․․․․․․ [rs стр. 130, пас. 2—4].
24. Здравата комуникација ја овозможуваат верата, довербата и заемното разбирање, а овие особини произлегуваат кога на бракот се гледа како на ․․․․․․․․ врска и кога постои вистинска ․․․․․․․․ тој да функционира [w 15.7.99 стр. 21, пас. 3].
25. Здравото влијание од врсниците може да ни помогне да ги ․․․․․․․․ моралните и духовните барања и на тој начин да му служиме на Јехова ․․․․․․․․ [w 1.8.99 стр. 24, пас. 3].
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. Тоа што Мардохеј ‚седел при царската врата‘ покажува дека тој бил (телохранител на царот; еден од службениците на царот Ахасвер; чекал да биде примен кај царот) (Естира 2:19, 20) [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.86 стр. 27, пас. 2].
27. Како што е запишано во Јов 19:25—27, Јов изразил вера дека ќе го ‚види Бога‘ и дека ќе (биде повластен со визија; ќе биде воскреснат за небесен живот; ќе му се отворат очите на разумот за да ја види вистината за Јехова) [Седмично читање на Библијата; види w 15.11.94 стр. 19, пас. 17].
28. Јов најмногу се памети по неговата (љубов; љубезност; истрајност) (Јак. 5:11) [si стр. 100, пас. 41].
29. Пишувањето на книгата Псалми опфаќало приближно (триста; петстотини; илјада) години [si стр. 101, пас. 4].
30. (Давид; Асаф; Езра) очигледно бил последниот составувач на книгата Псалми [si стр. 102, пас. 6].
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави:
Неем. 3:5; Псал. 12:2; 19:7; 2. Тим. 3:16, 17; Јак. 5:14—16
31. Треба да бидеме спремни да се трошиме а не гордо да се повлекуваме, сметајќи дека напорната работа е под нашето достоинство [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.86 стр. 14, пас. 9, 16].
32. Христијанинот што направил сериозен престап треба да им го признае својот грев на старешините [rs стр. 141, пас. 4].
33. Додека Бог користел соништа за да му дава предупредувања, упатства и пророштва на својот народ во минатото, денес се грижи за наше спасение преку својата инспирирана Реч [rs стр. 367, пас. 4].
34. Ако сакаме да бидеме Божји пријатели, треба да бидеме чесни од срце, без лицемерство [ Седмично читање на Библијата; види w-E 15.9.89 стр. 26, пас. 7].
35. Послушноста на Божјиот закон ја преродува душата и ја подобрува благосостојбата [Седмично читање на Библијата; види w 1.10.00 стр. 13, пас. 4].