Известувања
◼ Понуда на литература за декември: Библијата — Реч Божја или човечка? Јануари: Која и да било книга од 192 страници објавена пред 1985, која можеби собранието ја има на залиха. Собранијата кои немаат на залиха такви книги можат да ја нудат Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Февруари: Откровение — Близу е неговата величествена кулминација! Март: Спознание кое води до вечен живот. Сосредоточи се на започнување домашни библиски студии.
◼ Со својата декемвриска нарачка на литература, собранијата треба да почнат да нарачуваат повези од Стражарска кула и Разбудете се! за 1997. Повезите ќе бидат достапни на англиски, германски, грчки, италијански, јапонски, кинески, корејски, полски, португалски, романски, руски, турски, француски, холандски, хрватски и шпански.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е одреден од него треба да ја прегледа собраниската благајна на 1 декември или колку што е можно набрзо после тоа. Кога тоа ќе биде сторено, дајте известување до собранието.
◼ Меморијалот за 1999 ќе биде в четврток, на 1 април, после зајдисонце. Ова известување е дадено однапред за да можат браќата да ги направат потребните резервации или договори за расположливи сали кога Салата на Царството ја користат неколку собранија и мораат да се најдат други објекти. Старешините треба да имаат согласност со управата осигурувајќи се дека нема да има пречки од други активности во зградата за да може одржувањето на Меморијалот да се одржи на еден мирен и уреден начин. Поради важноста на приликата, при доделувањето говорник за Меморијалот, старешинското тело треба да избере некој од поквалификуваните старешини наместо едноставно да се менуваат или, пак, да се користи истиот брат секоја година.
◼ Публикации кои сѐ уште се на располагање:
Библијата — Реч Божја или човечка? — англиски, германски
Да се преживее за живот на новата Земја — англиски
Да се слуша Големиот Учител — хрватски
Индекс на публикации на Watchtower 1986—1990 — хрватски
Јеховини сведоци — објавители на Божјето Царство — германски
Младите прашуваат — Делотворни одговори — англиски, германски, хрватски
Најголемиот човек кој некогаш живеел — англиски, германски, српски, хрватски
Направи го среќен семејниот живот — англиски, германски, српски, турски
Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог — српски, хрватски
Поминува ли сѐ со овој живот? — хрватски
Расудување на темел на Писмото — српски, хрватски
Светска безбедност под Кнезот на мирот — англиски, германски
Човештвото во потрага по Бог — англиски, германски, хрватски
Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата — германски
◼ Нови компакт дискови на располагање:
Мелодии на Царството, том 5
Мелодии на Царството, том 6