Повторување во Теократската школа за проповедање
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за проповедање од 1 јануари до 22 април 1996. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референциите кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референција за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Сѐ додека еден христијанин мисли дека го прави она што е исправно, неговите одлуки ќе бидат добри (Изр. 14:12). [uw стр. 8, пас. 8(2)]
2. Учењето за тројството потекнува од христијанството. [uw стр. 15, пас. 8]
3. Иако Мозаитскиот закон престанал да важи, Библијата воопшто не укажува на такво нешто дека и Десетте заповеди биле вклучени во тоа. [rs стр. 342, пас. 2]
4. Споредувајќи ги Римјаните 8:16 и Римјаните 1:7, може да се види дека Павле се осврнал на целото човештво како на ‚деца Божји‘. [uw стр. 26, пас. 12(3)]
5. Сојузот спомнат во Јеремија 31:31, 33 се однесува на сојузот за Царство што го склопил Исус со неговите помазани следбеници. [si стр. 129, пас. 38]
6. Книгата Плач е составена од пет лирски поеми, од кои четири се во акростих. [si стр. 130, пас. 6]
7. По неговото воскресение, Исус се појавил неколку пати — но само во присуство на неговите ученици. [rs стр. 421, пас. 4]
8. Вистинските христијани влегуваат во Божјиот спокој на тој начин што покажуваат вера во Христовата жртва и прекинуваат со делата со кои се обидуваат да се оправдаат себеси (Евреите 4:10). [rs стр. 344, пас. 1]
9. Изјавата во заградите од Откровение 20:5 (НС), во врска со ‚остатокот од мртвите‘ кои се враќаат во живот, се однесува на земското воскресение на други овци. [rs стр. 425, пас. 3 — стр. 426, пас. 3]
10. Кога одговорил на прашањето во врска со тоа која била најголемата заповед во Законот, Исус не цитирал ниту една од Десетте заповеди (Мат. 22:35-40). [rs стр. 342, пас. 1]
Одговори на следниве прашања:
11. Бидејќи Јеховината голема љубов го поттикнала да го испрати својот Син за да го даде својот живот за нас, што треба нашата љубов кон Бог да нѐ поттикне да правиме? (2. Кор. 5:14, 15). [uw стр. 14, пас. 6]
12. Што значи да се оди во името на Јехова? [uw стр. 18, пас. 14]
13. Што учиме за Јеховините својства читајќи ја книгата Плач Јеремиин? (Плач 3:22, 23, 32). [si стр. 132, пас. 13, 15]
14. Кој термин е повеќе пати употребен во врска со Језекиил и Исус Христос? [si стр. 132 пас. 2]
15. Зошто е разумно да се верува дека оние кои се воскреснати за живот на Земјата ќе бидат судени на темел на нивните идни постапки? (Рим. 6:7). [rs стр. 425, пас. 2]
16. Кои четири главни фактори придонесуваат за единството што го ужива Јеховиниот народ денес? [uw стр. 8, 9, пас. 8, 9]
17. Зошто можеме со право да изјавиме дека настаните кои се поврзани со Христовата присутност се случуваат во период кој трае со години? (Мат. 24:37-39). [rs стр. 432, пас. 1]
18. Освен за неговите истакнати особини — љубов, праведност, мудрост и моќ, што можеме да научиме за неговата привлечна личност од 2. Мојсеева 34:6, Псалм 86:5 и Дела 10:34, 35, НС? [uw стр. 13, пас. 3]
19. По споредувањето на Јован 14:9, 10 со Лука 5:12, 13, зошто можеме да заклучиме дека Јехова е нежно сочувствителен кон страдалното човештво? [uw стр. 26, пас. 12(1)]
20. Зошто христијаните не се под обврската да држат седмичен ден на Сабат? (Рим. 10:4). [rs стр. 339, пас. 2, 3]
Впиши го зборот или фразата што е потребна за да се доврши секој од следниве искази:
21. Авдемелех го претставувал ․․․․․․․․, кои ќе бидат сочувани во ․․․․․․․․, бидејќи тие се спријателиле со ․․․․․․․․ од Христовите браќа и им помагале. [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.83, стр. 23, пас. 11.]
22. Иако за Исус се зборува како за „еден бог“, во Јован 17:3 тој го нарекува Јехова „․․․․․․․․ вистинит Бог“, а во Јован 20:17 тој се осврнува на Јехова како на ‚․․․․․․․․ Бог и ․․․․․․․․ Бог‘. [uw стр. 18, пас. 12]
23. Настаните запишани во Јеремија 52:5-11 се случиле во ․․․․․․․․ пр. н. е. [Седмично читање на Библијата; види w 1.8.88, стр. 11, пас. 18.]
24. Кога Откровение 1:7 наведува дека по Христовото враќање „ќе го види секое око“, тоа се однесува на умственото ․․․․․․․․, а не на ․․․․․․․․ вид. [rs стр. 434, пас. 1]
25. По неговото воскресение, Исус не се појавувал секогаш во истото ․․․․․․․․, можеби за да го засили фактот во умот на учениците дека сега тој е ․․․․․․․․, па затоа не бил веднаш ․․․․․․․․ дури и од своите блиски другари. [rs стр. 422, пас. 3]
Избери го точниот одговор во секој од следниве искази:
26. Библијата е Божја Реч бидејќи (преведувачите ѝ го дале тој назив, ја пишувале предадени мажи; Бог активно управувал со нејзиното запишување). [uw стр. 20, пас. 2]
27. Ако читаш само (една; две; четири) страници од Библијата секој ден, ќе ја прочиташ за околу (шест месеци; девет месеци; една година). [uw стр. 24, пас. 9]
28. Моралните ограничувања не престанале со завршетокот на Мозаитскиот закон, кој ги вклучувал Десетте заповеди, бидејќи под христијанските подготовки (секоја заедница би развила свои сопствени морални мерила; луѓето би требало да бидат водени само од нивната совест; многу од моралните мерила од Десетте заповеди биле повторно наведени во Христијанските грчки списи). [rs стр. 343, пас. 1]
29. Јехова го „измамил“ Јеремија со тоа што Тој (го навел да проповеда порака на осуда; го употребил да изврши нешто што тој не би можел да стори со своја сопствена сила; не го извршил уништувањето кое Јеремија го прорекол) (Ерем. 20:7, НС). [Седмично читање на Библијата; види wE 1.5.89, стр. 31.]
30. Изразот „спомен-гробови“, кој се наоѓа во Јован 5:28 (НС), се однесува на (поединечни гробови; општиот гроб на човештвото; сеќавањето на Бог за покојното лице). [rs стр. 426, пас. 4]
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави: Изр. 3:5, 6; Ерем. 23:33; 32:9, 10; Плач 3:44; Откр. 15:3, 4;
31. Темелот за вистинското единство во обожавањето е познавањето на Јехова и живеењето во склад со неговите праведни патишта. [uw стр. 5, пас. 1]
32. Целиот наш живот — сеедно каде сме или што работиме — треба да дава доказ дека нашето размислување и нашите мотиви се насочени кон Бог. [uw стр. 10 пас. 11]
33. Јехова не ги слуша молитвите на злите. [Седмично читање на Библијата; види w 1.11.87, стр. 27.]
34. Тешката пророчка порака од Божјата Реч е натежната со осудата, објавувајќи го претстојното уништување на т. н. христијанство. [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.94, стр. 12, пас. 18, 20.]
35. Кога влегуваме во деловни односи со сообожаватели на Јехова, еден писмен договор може да спречи недоразбирања кои би можеле да се појават подоцна. [Седмично читање на Библијата; види w 1.5.95 стр. 30.]