Повторување во Теократската школа за проповедање
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за проповедање од 5 септември до 19 декември 1994. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референците кои следат после прашањето се наменети за лично истражување. После секоја референца за Стражарска кула можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Означи дали следниве искази се точни или неточни:
1. Сатана подмолно ги наведува луѓето да ги задоволуваат своите нормални желби на погрешни начини [3, uw стр. 65, пас. 9].
2. И шеол, и хадес, и гехена се однесуваат на општиот гроб на човештвото [5, uw стр. 72, пас. 6].
3. Бидејќи исполнувањето на Псалм 109:1, 2 се протега до последните денови на овој свет, овие стихови ни помагаат да разбереме дека Исусовото пророштво за свршетокот на системот на ствари не е ограничено на уништувањето на Ерусалим во 70. н. е. [14, Седмично читање на Библијата; види wMC 15.2.94, стр. 12, пас. 17].
4. Синедриумот бил римски висок суд кој се состоел од 71 член, а се наоѓал во Ерусалим [13, gt погл. 119].
5. „Светските управители“ споменати во Ефесјаните 6:12 се политичките водачи кои се отсечени од Божјата наклоност [2, uw стр. 63, пас. 4].
6. Милионите кои ќе бидат воскреснати од мртвите ќе бидат судени според делата што ги направиле пред воскресението [6, uw стр. 75, пас. 12].
7. Покрај тоа што служи како Посредник на новиот сојуз, Исус лично склучил сојуз за Царство со своите лојални апостоли [6, gt погл. 115].
8. Крштението само по себе е гаранција за спасение [16, uw стр. 100, пас. 12].
9. Кога Исус се молел: „Оче, кога би сакал да Ме одмине оваа чаша“, барал да биде поштеден од смрт (Лука 22:42) [11, gt погл. 117].
10. Според Псалм 57:4, аспидата [кобрата, НС] не може да слуша [1, Седмично читање на Библијата; види it-1 стр. 485].
Одговори на следниве прашања:
11. Од какви грижи треба да ги ослободи Јеховините човечки слуги тоа што знаат дека тој ги храни птиците и прекрасно ги облекува цвеќињата? [10, uw стр. 87, пас. 3].
12. Како што е опишано во Псалм 57:3-5, на кој начин злите се како змии? [1, Седмично читање на Библијата; види wMC 8/86, стр. 21].
13. Во склад со Ефесјаните 5:3-5, врз која основа еден разборит христијанин ќе отфрли извесна музика која можеби има угодна мелодија, допадлив ритам или упадлив такт? [3, uw стр. 67, пас. 12].
14. Што мисли Библијата во Откровение 20:14, кога вели дека хадесот ќе биде ‚фрлен во огненото езеро‘? [6, uw стр. 75, пас. 12].
15. Врз која основа се судени овците и јарците од Исусовата споредба во Матеј 25:31-46? [2, gt погл. 111, пас. 43].
16. Ако 11. низан 33. н. е. завршил при зајдисонце во вторникот, кога започнал и кога завршил 14. низан? [3, gt погл. 112].
17. Што значи да се биде крстен во името на Отецот, на Синот и на светиот дух? [15, uw стр. 98, пас. 9].
18. На кои начини Исусовите ученици ќе прават дела поголеми од неговите, како што изјавил тој во Јован 14:12? [7, gt погл. 116, пас. 5].
19. Што е „закрилата [тајното место, НС] на Севишниот“, спомената во Псалм 90:1, и што мораме да правиме за да престојуваме таму? [9, Седмично читање на Библијата; види wMC 15.12.93, стр. 12; wMC 12/86, стр. 19].
20. Зошто можел Исус да рече во Јован 16:33 дека го победил светот? [9, gt погл. 116, пас. 36].
Впиши што недостига во следниве изјави:
21. Како што е покажано во случајот на Јов, Сатана тврди дека ние првенствено сме заинтересирани за ․․․․․․․․ добра, за нашата удобност и благосостојба, и дека нашите мотиви во служењето на Бог се ․․․․․․․․ [12, uw стр. 93, пас. 13].
22. Кога Исус бил неправедно изведен пред суд, ․․․․․․․․ бил намесник во Јудеја, а ․․․․․․․․ бил владетел на Галилеја [15, 16, gt погл. 121, 122].
23. Во склад со она што го објаснил ․․․․․․․․ во Лука 3:16, на Пентакост 33. н. е., Исусовите ученици прво доживеале крштевање со ․․․․․․․․; во 70. н. е., непокајничките Евреи биле крстени со ․․․․․․․․ [13, uw стр. 96, пас. 4].
24. Исусовото крштевање во ․․․․․․․․ започнало во 29. н. е., но не било завршено сѐ додека дословно не ․․․․․․․․ и бил ․․․․․․․․ [14, uw стр. 97, пас. 6].
25. Новиот сојуз е склучен меѓу ․․․․․․․․ и ․․․․․․․․ [5, gt погл. 114].
Пронајди го точниот одговор во следниве изјави:
26. Очигледно, „боговите“ на кои се осврнува Псалм 82 се (Сатана и демоните; паганските богови на народите; луѓе кои биле судии во Израел) [7, Седмично читање на Библијата; види wMC 12/86, стр. 18].
27. Главната цел на Исусовото доаѓање на светот била (да го спаси човештвото; да прави ученици; да сведочи за вистината) [16, gt погл. 122].
28. Ако доживуваме телесни неволји или материјален губиток, Ѓаволот би сакал да види како ние (го славиме Јехова и докажуваме дека Ѓаволот е лажливец; го обвинуваме Бог и стануваме нелојални; истрајуваме, како што истрајал Јов) [1, uw стр. 60, пас. 13].
29. Од трикратното обвинение што го изнеле еврејските религиозни водачи против Исус, како што е запишано во Лука 23:2, обвинението дека (го превратува еврејскиот народ; забранува да се дава данок на ќесарот; вели за себе дека е Христос цар) најмногу го интересирало Пилат [15, gt погл. 121].
30. Во Псалм 62:3, Давид всушност вели дека добриот однос со Јехова е (втора најдобра работа после животот; исто толку добра како животот; уште подрагоцена од самиот живот) [2, Седмично читање на Библијата; види wMC 8/85, стр. 4].
Стави ги следниве библиски стихови зад соодветните изјави: Пс. 85:1, 2; Мат. 26:52; Јован 13:1-17; Јован 15:8; Евр. 13:5, 6
31. Без оглед на високите цени и раширената невработеност, сѐ додека се трудиме во согласност со нашата вера, Јехова ќе се погрижи да го имаме она што навистина ни е потребно [10, uw стр. 89, пас. 6].
32. Вистинските христијани не се дел од светот; затоа, тие не се потпираат на телесни оружја [12, gt погл. 118; види wMC 1.6.94 стр. 12].
33. Иако можеби страдаме од грижи и депресија поради проблемите што нѐ опкружуваат, можеме да бидеме сигурни дека Јехова ќе го приклони своето уво кон Земјата и ќе ги чуе нашите понизни молитви [8, Седмично читање на Библијата; види wMC 15.12.92, стр. 9, пас. 3, 4].
34. Можеме навистина да го славиме Бог така што ќе покажуваме особини слични на Христовите, особено љубовта, и така што, колку што е можно повеќе, ќе учествуваме во активноста на правење ученици [8, gt погл. 116, пас. 18].
35. Како христијани треба да бидеме спремни да им служиме на другите непристрасно, без оглед на тоа колку ниска или неугодна може да биде работата [4, gt погл. 113].