ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 1/11 стр. 32
  • Даниел и неговата конгресна значка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Даниел и неговата конгресна значка
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 1/11 стр. 32

Даниел и неговата конгресна значка

ИСУС ги прекорил самоправедните верски водачи, кои се налутиле кога забележале дека мали деца јавно го фалат Бог, и со право ги прашал: „Зарем никогаш не сте читале: ‚Од устата на малите деца и на доенчињата си прибави фалба‘?“ (Матеј 21:15, 16).

Шестгодишниот Даниел, кој припаѓа на едно руско собрание во Германија, е пример дека малите деца до ден-денес го слават Јехова. Со мајка си и со сестра си бил на конгресот на Јеховините сведоци во Дуизбург. Тие првпат биле на таков голем конгрес. За нив сѐ било ново: хотелот, големите трибини, тридневното мирно седење, крштавањето, и да не ја спомнуваме драмата. А како се однесувал Даниел? Тој бил многу примерен.

Во понеделникот по конгресот, пак биле дома, и Даниел станал рано за да оди во градинка. Но што стоело сѐ уште на неговото палто? Значката што ја носел како делегат на конгресот! Мајка му му објаснила: „Конгресот заврши. Денес можеш да ја извадиш значката“. Но Даниел рекол: „Сакам сите да видат каде бев и да дознаат што научив“. И така, цел ден во градинка гордо ја носел својата значка. Кога учителката го прашала за неа, тој ѝ ја опишал конгресната програма.

Со тоа Даниел постапил по примерот на илјадниците момчиња и девојчиња, кои низ вековите јавно го славеле Јехова.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели