ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 1/9 стр. 32
  • „Поради едно деветгодишно дете“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Поради едно деветгодишно дете“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 1/9 стр. 32

„Поради едно деветгодишно дете“

СЕКОГАШ кога на нејзината врата ќе дошле Јеховини сведоци, Вјеслава, која живее во јужна Полска, љубезно ќе им се заблагодарела и потоа ќе одбиела да разговара со нив. Еден ден, на нејзината врата дошол деветгодишниот Самоил заедно со мајка му. Овојпат Вјеслава одлучила да слушне што имаат да кажат, и зела едно списание што зборувало за рајот на Земјата.

Бидејќи се наближувала Спомен-свеченоста, со која се одбележува смртта на Исус Христос, Самоил сакал да ја покани Вјеслава на овој посебен настан. Така, заедно со мајка му, тој повторно отишол кај неа, овојпат со себе носејќи една печатена покана. Кога видела дека детето е убаво облечено, Вјеслава се извинила за момент и влегла внатре за да се преоблече во поубава облека. Кога се вратила, го ислушала Самоил, ја прифатила поканата, и прашала: „Дали треба да дојдам сама или со мојот сопруг?“ Потоа додала: „Дури и ако тој не дојде, јас ќе дојдам. Тоа ќе го направам заради тебе, Самоил“. На голема радост на Самоил, таа си го одржала ветувањето.

Во текот на говорот на Спомен-свеченоста, Самоил седел до Вјеслава и ѝ ги покажувал стиховите од Библијата што биле користени. Тоа ја воодушевило. Многу ѝ се допаднала Спомен-свеченоста и била благодарна затоа што длабоките мисли биле објаснети на едноставен начин. Била трогната и од срдечното добредојде и љубезноста што ѝ ги укажало собранието. Оттогаш, Вјеслава сѐ повеќе се интересирала за духовните работи и започнала редовно да се дружи со Јеховините сведоци. Неодамна рекла: „Се срамам што претходно, кога доаѓавте на мојата врата, не ве слушав. И морам да признаам дека ве ислушав само поради едно деветгодишно детенце, поради Самоил“.

Како Самоил во Полска, многу други млади Јеховини сведоци го фалат Бог со своите усни и со своето добро однесување. Ако си на слична возраст, и ти би можел да им помогнеш на искрените луѓе да се заинтересираат за здравите духовни вредности.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели