ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 15/12 стр. 17-18
  • Им се помага на Кинезите во Мексико

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Им се помага на Кинезите во Мексико
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 15/12 стр. 17-18

Им се помага на Кинезите во Мексико

„ДЕСЕТ луѓе од народите на сите јазици ќе фаќаат за скут еден Евреин, говорејќи: ‚Ќе дојдеме со вас, чувме дека Господ е со вас‘“ (Захарија 8:23). Денес, ова убаво пророштво се исполнува насекаде низ светот. Луѓе „од народите на сите јазици“ се држат блиску до духовните Израелци за да го обожаваат Јехова Бог. Јеховините сведоци се вистински заинтересирани за исполнувањето на ова пророштво. Многу од нив учат друг јазик за да учествуваат во делото на проповедање што се одвива низ светот.

Ни Јеховините сведоци во Мексико не се исклучок во тоа. Според проценките, во Мексико живеат околу 30.000 луѓе што зборуваат кинески јазик. Во 2003 година, 15 од нив присуствуваа на одбележувањето на Христовата смрт во Мексико Сити. Тоа ги направи свесни Сведоците во Мексико за можностите за духовен пораст меѓу луѓето што зборуваат кинески јазик. За да има повеќе проповедници што ќе се погрижат за овие луѓе, беше организиран тримесечен курс на кој Сведоците од Мексико учеа како на едноставен начин да понудат литература на мандарински. На курсот учествуваа вкупно 25 Сведоци. На крајот, кога се доделуваа дипломите, присуствуваше еден службен претставник од заедницата во Мексико Сити што зборува мандарински, кој покажа колкаво влијание има овој курс врз населението што зборува кинески јазик. Една локална кинеска институција им понуди стипендии на тројца ученици од курсот за да отпатуваат надвор од земјата со цел да си го усовршат кинескиот јазик.

Курсот вклучуваше и практичен дел. Откако ќе научеа неколку најосновни изрази, учениците веднаш почнуваа да проповедаат на кинески во деловниот дел на Мексико Сити. Ревносните ученици започнаа 21 библиска студија. Многу помогна брошурата Што бара Бог од нас? на кинески јазик напишан на латинско писмо, наречено пинјин.

Како Сведоците, кои тукушто беа почнале да учат кинески, водеа библиски студии? Во почетокот можеа само да речат „Куинг ду [Ве молам прочитајте]“ посочувајќи прво на пасусот, а потоа на прашањето. Откако лицето ќе прочиташе и ќе одговореше на кинески, ќе речеа „Шеј шеј [Ви благодарам]“ и „Хен хао [Одлично]“.

На овој начин беше започната библиска студија со една жена која била номинален христијанин. Откако проучувале по третпат, Сведокот се запрашал дали таа навистина сфаќа за што станува збор. Затоа зел со себе еден брат чиј мајчин јазик бил кинескиот. Кога овој брат ја прашал жената дали има некое прашање, таа одговорила: „За да се крстам, треба ли да знам да пливам?“

Наскоро почнала да се одржува Собраниска студија на книга, на која просечно биле присутни деветмина што зборуваат кинески и 23 локални Сведоци, Мексиканци. Меѓу присутните бил еден Кинез кој работел како доктор, и кој од еден свој пациент ги добил списанијата Стражарска кула и Разбудете се! на шпански јазик. Бидејќи не знаел да чита на шпански, нашол некој што му превел неколку редови. Кога видел дека списанијата се во врска со Библијата, ја прашал пациентката дали може да му набави такви списанија на кинески. Ги добил списанијата и наскоро, преку подружницата на Јеховините сведоци во Мексико, било средено да го посети Сведок што зборува кинески. Мајка му на докторот, во Кина, имала своја Библија и тој со задоволство ја читал. Кога одлучил да оди во Мексико, мајка му му рекла да не престане да ја чита Библијата. Тој дури и се молел за да најде некој што ќе му помогне да научи повеќе за Богот од Библијата. Радосно извикнал: „Бог ја слушна мојата молитва!“

Меѓу присутните било и едно семејство Кинези коишто живееле под кирија кај една Мексиканка којашто ја проучувала Библијата со Јеховините сведоци. Иако семејството многу малку разбирало шпански, секогаш било присутно на библиските дискусии. По некое време, семејството ја прашало жената што ја водела студијата дали таа можеби има нешто од литературата и на кинески. Наскоро со нив се водела библиска студија на кинески јазик. Кратко потоа, членовите на ова семејство изразиле желба да им проповедаат на своите сонародници и да го посветат својот живот на Јехова.

Навистина, кинескиот јазик е тежок за учење. Сепак, како што се гледа од овие искуства, со помошта од Јехова, во Мексико луѓе од многу јазици, меѓу кои и кинески, учат која е Божјата волја, а тоа е случај не само таму туку и низ целиот свет.

[Слика на страница 17]

Час по кинески во Мексико Сити

[Слика на страница 18]

Сведок од Мексико води библиска студија на кинески

[Слика на страница 18]

Служба од врата до врата на кинески, во Мексико Сити

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели