ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 15/8 стр. 30
  • „Можеа веднаш да бидат ослободени“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Можеа веднаш да бидат ослободени“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 15/8 стр. 30

„Можеа веднаш да бидат ослободени“

ЖЕНЕВЈЕВ ДЕ ГОЛ, внука на Шарл де Гол, поранешен претседател на Франција, имала прилика лично да се запознае со Јеховините Сведоци во нацистичкиот концентрационен логор Равенсбрук во северна Германија. Таа ги напишала горните зборови во едно писмо од август 1945 година.

Концентрациониот логор во Аушвиц (Полска) бил ослободен на 27 јануари 1945 година. Од 1996 година, овој датум во Германија се смета за ден на жртвите на Третиот рајх на Хитлер.

По повод овој ден, претседателот на Парламентот на покраината Баден-Виртемберг, Петер Штрауб, во својот говор одржан на 27 јануари 2003, рече: „Сите што беа прогонувани поради своите религиозни или политички уверувања и кои повеќе беа спремни да умрат отколку да се подложат на Хитлеровиот режим, заслужуваат огромна почит, почит која тешко може човек да ја изрази со зборови. Јеховините сведоци беа единствената религија која во сѐ одби да се сложи со барањата на Хитлеровиот режим: Ни раката не ја креваа во знак на поздрав на Хитлер. Одбија да се заколнат на верност на ‚Фирерот и на Државата‘, како што одбија и да извршуваат воени или работни услуги. Нивните деца не беа членови на Хитлеровата младина“.

За своите следбеници Исус Христос рече: „Тие не се дел од светот, како што ни јас не сум дел од светот“ (Јован 17:16). Значи, ставот на Јеховините сведоци се темели на чисто религиозна основа. Понатаму Штрауб рекол: „Јеховините сведоци, кои како логорски затвореници мораа да носат пурпурен триаголник на својата облека, беа единствените кои можеа сами да се извлечат од маките. Сѐ што се барало било да потпишат изјава со која се откажуваат од својата вера“.

За повеќето Сведоци, не доаѓало предвид да се откажат од својата религија. Затоа, во тој период умреле околу 1.200 од нив. Двесте и седумдесет биле погубени како приговарачи на совеста. Тие покажале дека изјавата: „Повеќе мораме да го слушаме Бог како владетел отколку луѓето“, за нив не се само празни зборови (Дела 5:29).

Јеховините сведоци не биле некои посебни луѓе, како што забележал и Улрих Шмит, претседател на Парламентот на покраината Северна Рајна-Вестфалија. Осврнувајќи се на неговиот говор, брошурата Landtag Intern ги нарекла „обични луѓе кои, постапувајќи онака како што им налагала совеста, застанале цврсто во одбрана на својата вера, притоа покажувајќи и граѓанска храброст, и спротивставувајќи се на нацистичката идеологија како резултат на христијанските убедувања“. Можеме да сме сигурни дека на Јехова Бог му носат радост сите оние што лојално се држат цврсто за него во тешки околности. Во Пословици 27:11 читаме: „Биди мудар, сине мој, и зарадувај ми го срцето, за да можам да му одговорам на оној, кој ме укорува“.

[Извор на слика на страница 30]

Со љубезна дозвола на United States Holocaust Memorial Museum

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели