Напори што унапредуваат добри морални мерила
При крајот на 2001 година, оние што го слушале Националното радио на Мозамбик го чуле ова известување:
„Претседателот на Републиката ги посети објектите на подружницата на Јеховините сведоци во Мапуто. Тој го охрабри ова верско собрание да ги засили своите напори во унапредувањето на добри морални мерила во семејството и на полето на образованието на возрасните со програмите за описменување. Од овие програми веќе извлекле корист околу 10.000 луѓе. Според претседателот Шисану, ваквата иницијатива е за пофалба, бидејќи е скапоцен придонес за општеството при решавањето на проблемите со образованието со кои оваа земја сѐ уште се соочува“.
Известувањето продолжи со следниов снимен извадок од говорот на претседателот: „За нас е мошне охрабрувачки да видиме дека многу луѓе се заинтересирани за описменување. Ова ни покажува дека членовите на цивилниот сектор ќе ни помогнат да ја совладаме оваа ниска стапка на писменост. Затоа би сакал да ги охрабрам Јеховините сведоци да ги засилат своите програми за описменување на кој и да било јазик. Она што е важно е да се биде писмен и луѓето да можат полесно да комуницираат и во иднина да имаат поголемо учество во образованието“.
Јеховините сведоци во Мозамбик одржуваат класови за описменување во 850 места ширум земјата за да можат луѓето самите да ја читаат Божјата реч. Освен тоа, секоја седмица водат околу 50.000 бесплатни домашни библиски студии. Сето ова е дел од една светска библиска образовна програма што сега се спроведува во 235 земји (Матеј 24:14). И ти можеш да извлечеш корист од оваа програма. Те молиме, слободно стапи во контакт со Јеховините сведоци во твојата околина.