ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/8 стр. 32
  • „Знаете ли зошто ви ги враќам парите?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Знаете ли зошто ви ги враќам парите?“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/8 стр. 32

„Знаете ли зошто ви ги враќам парите?“

‚ОХ, КОЛКУ ми требаат пари!‘, си мислела Нана, самохрана мајка со три сина што живее во Каспи во Република Грузија. Едно утро, сонот да најде пари ѝ се остварил. Нашла 300 лари (170 евра) близу до полициската станица. Немало никој во близина. Тоа била доста голема сума пари. Всушност, Нана никогаш и не видела банкнота од 100 лари (57 евра) во текот на петте години откако лари станала национална валута. Локалните трговци не заработуваат толку ни за неколку години.

‚Што ќе ми се париве ако ги изгубам својата вера, побожниот страв и духовноста?‘, си мислела Нана. Таа ги негувала овие христијански особини, дури и претрпела сурово прогонство и била тепана заради нејзиното верување.

Кога тргнала кон полициската станица, Нана видела петмина полицајци како очајнички бараат нешто. Сфатила дека ги барале парите, па затоа им пришла и ги прашала: „Изгубивте нешто?“

„Пари“, одговориле тие.

„Колку?“

„Триста лари!“

„Ги најдов вашите пари“, рекла Нана. Потоа ги прашала: „Знаете ли зошто ви ги враќам парите?“ Не, не знаеле.

„Затоа што сум Јеховин сведок“, рекла таа. „Да не бев, немаше да ви ги вратам парите.“

Шефот на полицијата кој ги изгубил парите ѝ дал на Нана 20 лари од благодарност за нејзиното чесно однесување.

Приказната набрзо се расчула по целата област Каспи. Следниот ден, една чистачка што излегла од полициската станица ѝ рекла на Нана: „[Шефот] секогаш чува ваша литература во својата канцеларија. Сега веројатно ќе ја цени уште повеќе“. Еден полицаец дури рекол: „Ако сите луѓе беа Јеховини сведоци, кој ќе вршеше злосторства?“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели