ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 1/2 стр. 32
  • Мудри на свој начин

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мудри на свој начин
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 1/2 стр. 32

Мудри на свој начин

„ВОЗРАСНИТЕ имаат мудрост, но децата се мудри на свој начин“, вели една нигериска пословица. Едвин, христијански старешина од Нигерија, увидел дека ова е вистина.

Еден ден, под своето биро дома Едвин нашол метална кутија.

„Чија е?“ — ги прашал Едвин трите свои деца.

„Моја“, одговорил осумгодишниот Емануел. Потоа побрзал да каже дека оваа ’рѓосана железна кутија од 12 квадратни сантиметри, со зарез на горниот дел, била наменета за прилози за светското дело на Јеховините сведоци. „Со оглед на тоа што не одам секој ден во Салата на Царството“, објаснил тој, „решив да направам кутија за да можам секогаш кога не ги користам парите за ужинка да ги пуштам во кутијата.“

Татко му на Емануел имал дома една кутија за штедење пари за да одат на годишниот меѓународен конгрес. Но, поради итните потреби на семејството, тие ги потрошиле парите што биле во неа. За да се осигура дека неговите пари за прилози нема да се користат за ништо друго, Емануел однел кај заварувач една стара конзерва да ја запечати. Заварувачот, откако дознал за каква цел служи конзервата, му направил на Емануел кутија од стар метал. Мајкл, петгодишниот брат на Емануел, исто така побарал кутија.

Зачуден од она што го сториле децата, Едвин ги прашал зошто ги направиле кутиите. Мајкл одговорил: „Јас сакам да приложам!“

Без знаење на родителите, Емануел, Мајкл и Учај, нивната деветгодишна сестра, штеделе од дел од парите за ужинка и ги ставале во кутиите. Од каде ја добиле таа идеја? Веднаш штом децата биле доволно големи за да држат пари во рацете, нивните родители ги научиле да пуштаат пари во кутијата за прилози во Салата на Царството. Очигледно, децата добро ја научиле својата лекција.

Кога кутиите биле полни, ги расекле. Заштедите изнесувале вкупно 3,13 американски долари — не така безначајна сума во земја каде што просечниот годишен приход изнесува само неколку стотини долари. Со таквите доброволни донации се поддржува проповедничкото дело на Јеховините сведоци што сега се врши во 235 земји низ целиот свет.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели