ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/12 стр. 32
  • „Очна маст за да си ги намачкаш очите“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Очна маст за да си ги намачкаш очите“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/12 стр. 32

„Очна маст за да си ги намачкаш очите“

Тој рецепт му го понудил Исус Христос на христијанското собрание во Лаодикија (Мала Азија) во првиот век.

Исус рекол: „Да купиш . . . очна маст за да си ги намачкаш очите и да гледаш“. Не се работело за некоја дословна болест на очите туку за духовно слепило за кое било потребно лекување. Христијаните во Лаодикија биле под влијание на духот на материјално напредниот град во кој живееле и станале самозадоволни во однос на нивните вистински духовни потреби.

Коментирајќи за ова како причина за нивниот оштетен вид, Исус рекол: „Велиш: ‚Богат сум и стекнав богатство и ништо повеќе не ми треба‘, а не знаеш дека си беден и за сожалување и сиромашен и слеп и гол“. Иако не биле свесни за тоа, на членовите на собранието им била потребна лековита „очна маст“ што можеле да ја добијат само ако се подложеле на учењето и дисциплината на Исус Христос. „Од мене да купиш“, рекол Исус (Откровение 3:17, 18).

Како што било случај со тие во Лаодикија, вистинските христијани денес треба да внимаваат да не се најдат, можеби несвесно, под претерано влијание на материјалистичката и на задоволства сосредоточена околина во која живеат. Рецептот за задржување здраво духовно гледиште се гледа во опомената: „Да купиш од [Исус] . . . очна маст за да си ги намачкаш очите и да гледаш“.

Вреден за внимание е фактот дека оваа „очна маст“ мора да се купи. Вклучен е трошок. Мора да се употреби време за да се проучува Божјата реч и да се медитира за неа. Оваа Реч, нѐ уверува псалмистот, „е светла — [духовно] ги просветлува очите“ (Псалм 19:8).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели