ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/11 стр. 32
  • „Ќе се видиме во Божјето Царство“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Ќе се видиме во Божјето Царство“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/11 стр. 32

„Ќе се видиме во Божјето Царство“

„Драги пријателе! Руперт, денес ми е изречена смртна казна. Немој да жалиш по мене. Срдечни поздрави до тебе и до сите кај тебе дома. Ќе се видиме во Божјето Царство.“

НА 8 ЈУНИ 1942, Франц Дрозг ги напишал овие зборови неколку минути пред да биде стрелан од нацистичките војници. Зошто бил погубен?

Според записите во Музејот за национално ослободување во Марибор, овој 38-годишен ковач одбил да се придружи на Wehrmannschaft, германски паравоен одред во Словенија кога таа била окупирана од Германците. Тој бил Бибелфоршер, или Библиски студент, како што тогаш биле познати Јеховините сведоци во тоа подрачје. Постапувајќи во согласност со Исаија 2:4, тој одбил да ги поддржува нацистичките воени дејства, изјавувајќи дека е поданик на Божјето Царство (Матеј 6:33).

Во неговиот роден град Птуј, Франц бил познат како ревен објавител на добрата вест за Божјето Царство (Матеј 24:14). И покрај многуте тешкотии, тој ја проповедал добрата вест без престан, сѐ до своето апсење во мај 1942.

Многу Сведоци на Јехова од Словенија биле сурово прогонувани од нацистите. Франц бил еден од првите меѓу нив што биле погубени заради своите религиозни уверувања. Исто како христијаните од првиот век, тој бил зајакнат од зборовите: „Преку многу неволји мораме да влеземе во Божјето царство“ (Дела 14:22). Неговото верување во реалноста на таа небесна влада се гледало во неговите последни зборови: „Ќе се видиме во Божјето Царство“.

[Извори на слики на страница 32]

Франц Дрозг: Фотографија од Архивскиот музеј на националното ослободување на Марибор, Словенија; писмо: Оригиналот се чува во Музејот на националното ослободување на Марибор, Словенија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели