ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/9 стр. 13
  • Некогаш бевме волци — сега сме овци!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Некогаш бевме волци — сега сме овци!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Сличен материјал
  • „Од устата на младенците“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/9 стр. 13

Некогаш бевме волци — сега сме овци!

Кога бевме мали, Сакина и јас бевме сосетки. Сакина беше јака и крупна, а јас мала и слаба. Често се каравме, но еден ден дојде до сериозна тепачка. Оттогаш ниту зборувавме ниту се поздравувавме. На крајот, ние се преселивме и повеќе ништо не знаевме една за друга.

Во 1994 почнав да ја проучувам Библијата со Јеховините сведоци, и малку по малку, мојата личност се смени. По четири години, додека присуствував на нашиот ден на специјален собир во Буџумура (Бурунди), се зачудив кога налетав на Сакина. Ми беше драго што беше присутна, но нашиот поздрав беше некако студен. Истиот ден подоцна, едвај можев да си поверувам на очите кога ја здогледав меѓу кандидатите за крштавање! И таа направила драстични промени. Повеќе не беше онаа борбена личност со која толку често се карав. Колку само беше убаво што можев да ја видам како дава јавен доказ за своето предание на Бог, подложувајќи се на крштавање во вода!

Кога излезе од водата, побрзав да ја прегрнам и на уво ѝ шепнав: „Памтиш ли како се тепавме?“ „Да“, рече таа, „памтам, но тоа беше порано. Сега сум нова личност.“

Обете сме среќни што ја пронајдовме библиската вистина која обединува и што ги сменивме нашите личности слични на волци во личности слични на овци кои му припаѓаат на Големиот Пастир, Јехова Бог. Навистина, библиската вистина ги менува животите.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели