‚Им благодариме на Јеховините сведоци за религиозната слобода‘
„ПРЕД да му затворите врата на некој Јеховин сведок,“ се вели во една статија во весникот USA Today, „застанете и размислете за срамното прогонство што го доживеаја тие не многу одамна, како и за огромниот придонес што го дадоа за слободите кои со Првиот амандман ги уживаме сите ние.“ Во 1940-тите, Јеховините сведоци во Соединетите Држави беа прогонувани бидејќи, меѓу другото, одбиваа да го поздрават знамето (Излез 20:4, 5).
Во петгодишниот период меѓу 1938 и 1943 година, пред Врховниот суд на САД се најдоа 30 случаи во кои се работеше за Јеховини сведоци. Во статијата се вели: „Сведоците толку често ги подигнуваа суштествените спорни прашања од Првиот амандман што судијата Харлан Фиск Стоун напишал: ‚Јеховините сведоци треба да добиваат дотации со оглед на помошта што ја даваат во решавањето на законските проблеми со граѓанските слободи‘“.
Така, статијата при крајот вели: „Сите религии треба да им благодарат на Јеховините сведоци за зголемувањето на [религиозната] слобода“.
[Извори на слики на страница 32]
Одзади, зграда: Фотографија на Џош Матис, Колекција на Врховниот суд на Соединетите Држави; подолу лево, судии: Колекција на Врховниот суд на Соединетите Држави