Христијанската љубов — повеќе отколку само зборови
КОГА еден пожар им го проголтал домот во Тринидад, членовите на семејството Бартоломју изгубиле сѐ освен своите животи. Една роднина која живеела во близина ги зела кај себе, но тоа не било крај на приказната.
Олива Бартоломју е Јеховин сведок, и членовите на собранието во кое служи таа — како и собранијата од околните подрачја — почнале да даваат прилози за повторно да се изгради куќата што ја изгубиле таа и нејзиното семејство. Бил формиран одбор кој ќе го надгледува проектот, и изградбата почнала. Околу 20 Сведоци, заедно со некои соседи, се собрале на местото. Дури и младите им се придружиле, додека други се ставиле на располагање да понудат освежување.
„Членовите на моето семејство останаа без збор“, рекла Олива, како што известува Sunday Guardian од Тринидад. „Тие не се Сведоци, и мојот сопруг сѐ уште е во шок од она што го гледа.“
Изнесувајќи резиме на вложените напори, координаторот на градежниот проект нагласил дека таквите дела се навистина знак на препознавање на вистинското христијанство. „Ние не одиме само од дом до дом да разговараме за љубовта“, рекол тој. „Ние се обидуваме да го практикуваме она што го проповедаме“ (Јован 13:34, 35).
[Слика на страница 32]
Олива Бартоломју со нејзиниот сопруг